Karafiloska, Valentina (2015) Значење на акредитацијата на постапките во микробиолошко испитување на колиформни бактерии во водата за пиење. Other thesis, Goce Delcev University, Stip.
Preview |
Text
Spec. trud V. Karafiloska 2015-lektorirano (2).pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Микробиолошката исправност на водата за пиење има исклучително големо значење, бидејќи преку загадена вода се пренесуваат разни причинители на цревни заразни болести (бактерии, вируси и паразити) кои може да предизвикаат спорадични заболувања, како и помали или поголеми епидемии.
Микробиолошкото испитување на водата се врши со: основен преглед, периодичен преглед и преглед по епидемиолошки индикации. Сите овие испитувања опфаќаат докажување на колиформни бактерии кои се индикатори за санитарна исправност на водата за пиење. Во оваа група припаѓаат колиформни бактерии од нефекално потекло (Citrobacer, Klebsiella, Hafnia, Enterobacter, Serratia) и колиформни бактерии од фекално потекло (Escherichia coli). Други бактерии кои се од фекално потекло (но не се колиформни) се: Pseudomonas aeruginosa, цревни ентерококи, Proteus и сулфидоредуцирачки клостридии.
Цел на акредитацијата на одредени постапки во лабораториите е заштита и унапредување на здравјето на луѓето, како и за безбедност и за заштита на животната средина. Со акредитирањето се обезбедува доверба и меѓународно признавање на резултатите, како и избегнување непотребно повторување на постапките. Лабораторијата која го задоволува Стандардот МКС EN ISO/IEC 17025, добива Сертификат за акредитација кој претставува документ со кој се потврдува нејзина компетентност, независност, сообразност според одредени стандарди и способност за вршење одредени испитувања. Во Република Македонија, процедурите за акредитација и издавање Сертификат за акредитација ги врши Институтот за акредитација на Република Македонија (ИАРМ).
Лабораторијата за санитарна микробиологија при Центарот за јавно здравје Тетово (ЦЈЗ), ги акредитира следните постапки: Стандардниот метод со мембран филтри за докажување вкупни колиформни бактерии, колиформни
6
бактерии од фекално потекло, вкупен број на аеробни мезофилни бактерии, стрептококи од фекално потекло и Pseudomonas aeruginosa. Постапките и методите се акредитирани според соодветни стандарди: Escherichia coli (ISO 9308-1), Pseudomonas aeruginosa (ISO 16266), цревни ентерококи (ISO 7899-2). Во лабораторијата се вршат и испитувања за докажување салмонели, шигели и протеус видови.
Во лабораторија на ЦЈЗ Тетово, во петгодишен период од 2009 година до 2013 година, испитани се 5.460 примероци на вода за пиење од различни водни објекти, од кои 841 примерок (15,4%) биле бактериолошки неисправни. Процентот на неисправни води се движи од 10,1% во 2011 година до 21,8% во 2013 година. Најголем број неисправни води, докажани со акредитираните методи, е регистриран во 2013 година. Од вкупно анализирани 1.166 примероци, 254 (21,8%) биле бактериолошки неисправни. Најзастапена колиформна бактерија од фекално потекло, во 390 примероци (46,4%), била Escherichia coli.
Клучни зборови: акредитација, колиформни бактерии, вода, постапки.
Item Type: | Thesis (Other) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Health sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 02 Oct 2015 09:58 |
Last Modified: | 02 Oct 2015 09:58 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13911 |
Actions (login required)
View Item |