Одредување на потеклото на термоминарлните води на Кожуф Планина со примена на стабилните изотопи на кислород и водород

Jancev, Mitko (2015) Одредување на потеклото на термоминарлните води на Кожуф Планина со примена на стабилните изотопи на кислород и водород. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[thumbnail of Магистерска Митко Јанчев.pdf]
Preview
Text
Магистерска Митко Јанчев.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Краток извадок
Во трудот се прикажани геохемиските испитувања на застапеноста на макро елементите и елементите во траги во термо минералните води од Кожуф Планина и тие укажуваат на фактот дека станува збор за хидрокарбонатни, калциумско слабомагнезиумски води во кои имаме зголемени концентрации на арсен, цезиум и уран како последица на интеракцијата на овие води со вулканските карпи. Добиените резултати за застапеноста на изотопите на d18O и dD укажуваат на фактот дека термоминералните води на Кожуф Планина во најголема мерка се обнувауваат со водите од современите врнежи.
Геотермалните води представуваат исклучително значаен економски потенцијал за секоја земја. Со векови е позната употребата на геотермалните води како лечилишта или како рекреативни центри. Денеска кога потребата од обновливи извори на енергија се повеќе се зголемува овие ресурси добиваат се поголема важност. Особено важно прашање за овие ресерси е тоа колку се тие стварно обновливи од аспект на нивните геолошки, хидрогеолошки, геохемиски или изотопски карактеристики.
Геотермалните води се вбројуваат во еколошко обновливо и чисто природно богатство и тие како такви се искористуваат од горниот плеистоцен па се до денес. Луѓето овие води во прво време ги користеле за задоволување на своите потреби. Во прво време поради примитивниот начин на живеење геотермалните води ги користела само за заштита од студот, покасно луѓето сватиле дека овие води можат да се користат и за лечење како и за други потреби. Посебни љубители на термалните води секако биле старите Римјани, кои дури во нашите краеви граделе бањи и лечилишта (секако дека треба посебно да се нагласи областа околу селото Мрежичко каде постоела и римска бања). Исто така значајно е да се спомене дека геотермалните води во околината на селото
6
Мајдан (Топлек) биле користени како бања за време на балканските и првата светска војна.
Спрема теоријата на австрискиот геолог Suess (1831-1914) за јувенилните и вадозните води, можни се само два начини на постанок и загревање на термалните води. Меѓутоа со развојот на науката се менуваат и погледите и теориите за потеклото на термалните води так што денес се разликуваат пет типови на термални води и тоа: јувенилни (вулкански), конатни (фосилни), квартерни (млади), вадозни и мешани води. Треба да се спомене дека температурата на вода во основа зависи од нејзиното потекло.
Геотермалните води кои досега се истражувани во светот имаат различно потекло во однос на придонесот на метеорската, конатната или јувенилната вода во нивниот вкупен состав. Постојат геотермални води кои имаат претежно метеорски состав, конатен (фосилен) состав и јувенилни води кои настанале со кондензација на водената пареа и гасовите како придружни појави на магамтските процеси. Најчесто геотермалните води, односно, термалните и минералните води настануваат со мешање на метеорската вода со конатнта и/или јувенилната вода. Хемискиот состав на овие води во основа зависи од составот на карпите од геотермалниот водоносник.
За одредување на потеклото на составот на геотермалните води се применуваат хидрохемиските показатели. Како хидрохемиски показател се користи основниот јонски состав.
Стабилните изотопи на кислород и водород δ18O и δ2H многу често се користат при одредувањето на потеклото на водите. Содржината на овие изотопи во природни услови е променлива поради процесите на фракционација (изотпно разделување) предизвикано од промената на агрегатната состојба (вода-кондезнација или евапорација). Изотпоната фракционација зависи и од притисокот на водената пареа, од нејзиниот изотопен состав а најмного од температурата на фазниот премин и тоа доколку температурата е пониска ефектот на фракционацијата е поголем.
Во врнежите од дожд вредностите на δ18O и δ2H зависат од:
- надморската височина (со зголемување на надморската височина расте уделот на лесните изотопи во врнежите од дожд (ефект на температурата и притисокот),
- географска широчина (со зголемувањето на географската широчина се зголемува уделот на лесните изотпи во врнежите од дожд),
- одалеченоста од морето (т.н. континентален ефект), со одалеченоста од морето расте уделот на лесните изотопи во дождовите,
- годишното време (летните врнежи од дожд се збогатени со тешките изотпи во однос на лесните ),
- количината на врнежите ( поголема количина на врнежи, поголема количина на лесни изотопи во дождот),
- евапорација ( се зголемува количината на тешките изотопи во дождовите
Изотопниот однос на водата се изразува во однос на стандарниот изотопен состав на океанската вода на длабочина > 40 m (SMOW – Standard Mean Ocean Water).
Отстапувањата во одност на тешкиот изотоп и лесниот изотоп во однос на истиот во стандародт се одредува со примената на масената спектрометрија.
δ18O (‰) = (18O/16Oпримерок /18O/16Ostand) - 1 * 1000 (‰ SMOW)
δ2H (‰) = (2H/1Hпримерок /2H/1Hstand) - 1 * 1000 (‰ SMOW)
Во врнежите во светот, востановен е линеарен однос помеѓу δ2H и δ18O, и се прикажува со равенката δ2H=8 δ18O + 10 и тој се нарекува глобален правец на метеорската во метеорската вода (GMWL – Global Meteoric Water Line).
За практична примена во хидролошките и хидрогеолошките истражувања се користи птравецот на водата од дождот добиен за точно одредено подрачје, на пример некој слив или подрачје при истражувањето на геотермалните води (LMWL – engl. Local Meteoric Water Line).

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Natural sciences > Other natural sciences
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Vaska Zdravkova
Date Deposited: 29 Sep 2015 12:01
Last Modified: 29 Sep 2015 12:01
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13882

Actions (login required)

View Item View Item