Ananiev, Jovan and Kosevaliska, Olga (2008) Финансиска и материјална поддршка на политичките партии пред и за време на изборната кампања и моделите на транспарентност (светско и македонско искуство). Годишник на Институт за социолошки и политичко правни истражувања.
Text
Naucen trud Ananiev i Gurkova.pdf Download (557kB) |
Abstract
Во масовните демократски општества, изборната кампања ја има клучната улога во процесот на убедување на гласачите. Политичките партии, имајќи го предвид ова, се трудат да обезбедат што поголем број на финансиски и материјални средства за помасовна и поефикасна изборна кампања. Тоа е периодот кога одредени економски и медиумски центри на моќ ги поддржуваат политичките партии, обврзувајќи ги, на тој начин, кога ќе дојдат на власт, да реализираат дел од нивните интереси. Нетранспарентноста и нелимитираноста во процесот на финансирање на изборните кампањи создава простор некои политички партии или кандидати да се стават во преференцијална позиција во однос на други. Од друга страна, пак, постои неможност јавноста да биде запознаена со тоа, кои се главните финансиери, што значи, чии интереси претежно би реализирала соодветната партија или кандидат. Постојат разработени механизми за контролирање на финансиската и материјалната поддршка, придружени со легислативни процедури и институционални капацитети со одредени позитивности и слабости, како во Република Македонија така и во останатите земји, и истите се разработени во трудот.
Клучни зборови: изборна кампања, финансиска и материјална поддршка на изборната кампања, изборно законодавство, транспарентност
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Olga Kosevaliska |
Date Deposited: | 20 Nov 2012 07:30 |
Last Modified: | 25 Jun 2015 11:05 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/1386 |
Actions (login required)
View Item |