Повеќекритериумско одлучување во процесот на селекција и евалуација – примена на методот на АХП (аналитички хиерархиски процеси)

Lapevski, Martin (2015) Повеќекритериумско одлучување во процесот на селекција и евалуација – примена на методот на АХП (аналитички хиерархиски процеси). Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[thumbnail of lektoriran magisterski trud Martin Lapevski.pdf]
Preview
Text
lektoriran magisterski trud Martin Lapevski.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Во многу инженерски проблеми финалната одлука е базирана на евалуација на голем број на алтернативи и критериуми. Овие проблеми може да станат многу тешки кога критериумите се изразени во различни единици или се релативни податоци коишто е тешко да бидат измерени. Методот аналитички хиерархиски процеси (АХП) претставува ефикасен пристап во справувањето со ваквите видови на проблеми за одлучување. Овој магистерски труд испитува некои од практичните и математички прашања кои се вклучени кога се користи АХП методот во решавање на инженериски проблеми и проблеми од секојдневниот живот. Покрај теориските димензии, овој труд презентира и примена на методот за повеќекритериумска анализа АХП на реални примери од различни области од животот.
Овој магистерски труд, покрај воведот и заклучокот, е структуриран во три примарни делови. Во првиот дел, се дадени основните теоретски претпоставки за одлучувањето, при што е ставен акцент на повеќекритериумското одлучување. Прикажани се начини за дефинирање на проблеми и формулирање на математички модели за повеќекритериумска анализа, поим и видови на атрибути, квантификација на квалитативни податоци и скала за квантифицирање на односите помеѓу споредбените алтернативи. Вториот дел од овој труд врши анализа на методот за повеќекритериумско одлучување АХП. Предадена е неговата историја, теоретска и математичка основа, неговите предности и недостатоци, како и областите во кои се применува. Третиот дел ја разработува примената на АХП на две студии на случај: избор на економски најповолна понуда и избор на најдобар математички софтвер. Врз основа на добиените резултати се дадени завршни констатации во врска со можностите за користење на овој метод и за идни истражувања

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Natural sciences > Computer and information sciences
Divisions: Faculty of Computer Science
Depositing User: Vaska Zdravkova
Date Deposited: 28 Sep 2015 09:43
Last Modified: 28 Sep 2015 09:43
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13846

Actions (login required)

View Item View Item