Примена на економско-математички модели за процена на невработеноста на младите во Република Македонија

Mitreva, Elena (2015) Примена на економско-математички модели за процена на невработеноста на младите во Република Македонија. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[thumbnail of lektoriran magisterski trud Elena Mitreva.pdf]
Preview
Text
lektoriran magisterski trud Elena Mitreva.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Невработеноста, моментално, е еден од најголемите економски и социјални проблеми. Потрагата по стратегии за намалување на бројот на невработени стана една од најважните теми за дискусија. Се бараат решенија за да се намали бројот на невработените и да се создадат нови можности за вработување. Се користат најразлични методи и модели со кои би се дошло до вистинското решение со цел да се добие посакуваниот успех. Имено, во овој магистерски труд се анализираат економско-математичките модели за намалување на проблемот на невработеност во Република Македонија. Покрај математичката обработка и анализа, овој труд е поткрепен и со теориски основи за проблемот.
Теоретската основа на магистерскиот труд ги разработува и анализира сите прашања за невработеноста, почнувајќи од поимот за невработеност, па сѐ до креирањето на политиките во правец на решавање на долгогодишниот проблем кој е доста проширен на целата територија на земјава. Исто така, математичката основа и теорија дава увид во деталната разработка на применетите математички модели за решавање на овој економски проблем.
Последниот дел од магистерскиот труд ги опфаќа трите студии на случај. Првата и втората студија на случај е направена за да се изврши предвидување или процена на движењето на бројот на невработени млади лица за идниот одреден период со примената на методот на линеарен, односно експоненцијален тренд. Третата студија на случај е направена за да се утврди кои фактори имаат влијание врз невработеноста со примената на методот на факторска анализа.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Engineering and Technology > Other engineering and technologies
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Vaska Zdravkova
Date Deposited: 28 Sep 2015 09:40
Last Modified: 28 Sep 2015 09:40
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13844

Actions (login required)

View Item View Item