Тешки и токсични метали во подземните води на Радовишка котлина

Bozinov, Zoranco (2015) Тешки и токсични метали во подземните води на Радовишка котлина. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[thumbnail of Bozinov Z.pdf]
Preview
Text
Bozinov Z.pdf

Download (4MB) | Preview

Abstract

Во рамките на овој труд ќе бидат прикажани резултатите од најновите испитувања на содржината на тешките и токсични метали, физичките параметри, катјонските и анјонските содржини во подземните води во Радовишка котлина. Од групата на тешки и токсични метали кои се испитувани одредени се содржините на: Al, As, Fe, Cu, B, Ba, Mn, Ni, Pb, Sr, V, Zn. Одредувањето на тешките и токсични метали е работено со методата ICP-AES (атомска емисиона спектрометрија со индуктивно спрегната плазма). Во поголем број од пробите, тешките и токсични метали не ја надминуваат дoзволената граница на МДК и Европската регулатива. Испитувањата покажаа дека температурата на испитуваните води е во опсег од 8—23 ⁰C, измераните вредности за pH на анализираните води се во границите од 6,2—8,0. Измераните вредности на ТDS во испитуваните води се движат во опсег од минимална вредност 326 mg/L-1, до максимална вредност од 2252 mg/L-1. Одредената тврдина е во опсег од 18 до 138 ⁰dH. Опсегот од оредени концентрации на алкалноста се движи од минимална 68 mg/L-1 до максимална 540 mg/L-1. Хлоридите се одредени во концентрационен опсег од минимална 17 mg/L-1 до максимална 241mg/L-1. Концентрациониот опсег за сулфатите во испитуваните води е од минимална 14,6 mg/L-1 до максимална 535 mg/L-1. Добиените резултати од мерењата на концентрациите во растворениот фосфор се движат од минимални 0,011 mg/L-1 до екстремно високи вредности 4,62 mg/L-1. Опсегот од одредените концентрации за нитратните анјони е од минимална вредност 4,6 mg/L-1 с. Горно Ињево Б-7, до максимална 477 mg/L-1, во с. Горно Ињево Б-9 со медијана 85 mg/L,-1 a нитритите се движат до максимална концентрација од 0,12 mg/L-1. Амониум јоните се детектирани со максимални коцентрации од 0,0579 mg/L-1. За оваа цел се земени 67 проби од предходно внимателно избрaни мерни пунктови, кои би дале репрезентативна слика за квалитетот на подземните води. Определувањето на хемискиот состав на подземните води е од посебно значење за водоснабдување на овие населени места во Радовишка котлина.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Engineering and Technology > Environmental engineering
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Vaska Zdravkova
Date Deposited: 28 Sep 2015 09:37
Last Modified: 28 Sep 2015 09:58
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13843

Actions (login required)

View Item View Item