Преведувањето и културата

Jakimovska, Svetlana (2015) Преведувањето и културата. Културен живот (1-2). pp. 60-64. ISSN 0047-3731

[thumbnail of Doc 1.pdf]
Preview
Text
Doc 1.pdf

Download (610kB) | Preview

Abstract

Секој кој барем на кусо се обидел да ја гради Вавилонската кула, која невидливата Божја рака, со лесен допир повторно ја разнишува, насетил дека станува збор за Сизифовска работа, за Танталови маки, за Пирова победа. Ваквото чувство на обесхрабреност, веројатно потекнува од стремежот на човековиот дух (па дури и на оној најслободниот) да изработува во рамките на општовостановена, речиси математичка логика, во која од двете страни на равенката секогаш сретнуваме иста вредност.
Јасно е дека во процесот на преведување помеѓу предметот на преведување и производот од преведувањето никогаш нема да може да се востанови математичка, сувопарна еднаквост. Напразно е сега, како голем број наши претходници да се оплакуваме на проклетството или да зборуваме за несовршеноста. Затоа, денес, ние преведувачите сè почесто забораваме на песимизмот, и фаќајќи се во костец со проклетството во него не гледаме смрт на еднаквоста, туку, напротив, раѓање на новото. Спорот денес веќе не се води околу тоа дали е новороденчето легитимно, туку повеќе околу тоа какви се неговите качества.
Од друга страна, пак, убавината, како што тоа често се случува во животот, е тешко допирлива и бара голема вештина за да се дофати. Во таа смисла убавиот превод пред преведувачот наметнува цела низа пречки, кои не се секогаш од јазична природа. Всушност, преведувачот треба да биде вешт во јазикот, и во изворниот, и во целниот, но тука не завршуваат неговите предизвици - тој треба добро да го познава и она што се огледа во јазикот – културата во која се создава делото и културата во која делото се преведува. Во таа смисла, овој текст е обид да се открие преплетеноста на преводот и културата.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Svetlana Jakimovska
Date Deposited: 28 Sep 2015 08:06
Last Modified: 28 Sep 2015 08:06
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13841

Actions (login required)

View Item View Item