Стресот и неговото влијание врз ефективноста во работењето

Gerasimova, Biljana (2014) Стресот и неговото влијание врз ефективноста во работењето. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[thumbnail of Магистерски труд - Билјана Герасимова - МБА менаџмент.pdf]
Preview
Text
Магистерски труд - Билјана Герасимова - МБА менаџмент.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Уште пред повеќе од една деценија Светската здравствена организација ја
прогласи за светска епидемија појавата на стрес на работно место и оттогаш
стресот на работа уште повеќе се зголеми поради продлабочената глобална
криза. Од овде е и потребата да се изврши ова истражување за стресот и
неговото влијание врз ефективноста во работењето.
Во првата глава на трудот е разработена природата на поимот стрес и
неговото дефинирање. Во втората глава поопширно е разработен стресот на
работа, факторите за негово појавување, последиците што може да произлезат
од стресот на работа и начинот како да се управува и контролира. Во третата
глава се образложени реперкусиите, ефектите што произлегуваат од
професионалниот стрес, кои се јавуваат како: физички, психолошки и
организациски реперкусии.
Емпириското истражување во четвртото поглавје е спроведено во повеќе
приватни организации (конфекции и печатници) во регионот на Општина Штип.
Истражувањето е спроведено со анкетни листови спроведени на 32 менаџери и
130 вработени. Добиените резултати укажуваат на воочлива разлика во однос
на ставовите и мислењата по оваа појава помеѓу менаџерите и вработените.
Менаџментот тежнее кон прикажување на организацијата во најдобро светло,
занемарувајќи ја реалната состојба. Но постои голема свесност и кај двете
групи испитаници за влијанието на стресот врз ефективноста во работењето,
што укажува на добра можност и давање простор за понатамошно работење и
усовршување во оваа област и справување.
Во петтиот дел детално се образложени и разработени менаџерските
пристапи кон справување со професионален стрес.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 23 Sep 2015 12:42
Last Modified: 23 Sep 2015 12:42
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13836

Actions (login required)

View Item View Item