Mojsov, Kiro (2015) Практикум по Хемиска текстилна технологија. ISBN 978-608-244-215-0.
Preview |
Text
Е-ПРАКТИКУМ ПО ХТТ од Киро Мојсов.pdf Download (2MB) | Preview |
Abstract
Потребата за изработка на „Практикум по хемиска текстилна технологија“ е голема, пред сè, за студентите на Технолошко-техничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип за да може тие да се запознаат со теоретските и практичните основни процеси, методи и операции за подготовка на текстилните материјали за боење (белење, скробење, раскробување, изварување, мерцеризирање, термостабилизација), класификација и дефинирање на бојата и примена на боите за боење на текстилот. Во експерименталниот дел се дадени постапки за синтеза на некои познати текстилни бои, а во делот за боење на текстилните влакна се опишани 13 рецептури. Во аналитичкиот дел се опишани квалитативни анализи на бои во прав, како и бои врзани на влакното со кои се одредуваат бојачките и хемиските својства на боите, нивниот хемиски состав и добивање на увид за присутноста на различни хемиски групи во испитуваната боја.
Целта е студентите да стекнат знаење за работа во индустриски услови во зависност од претходната обработка на материјалите кој се конфекционираат, како и да научат да користат литература од оваа област. Практикумот е прилагоден кон наставната програма за предметот Хемиска текстилна технологија, кој студентите го слушаат во четврта година на Технолошко-техничкиот факултет на насоките за Текстилно инженерство и Текстил, дизајн и менаџмент.
Овој практикум во прв ред е наменет за студентите од Технолошко-техничкиот факултет, но тој, исто така, може да ги задоволи и потребите на сите студенти кои имаат потреба од подетални знаења неопходни за развој на сите подрачја на хемиска текстилна технологија. При составување на овој практикум користени се познати учебници, практикуми и друга литература.
Им изразувам посебна благодарност на рецензентите на практикумот, проф. д-р Ирина Младеноска и доц. д-р Ацо Јаневски, за укажаните сугестии кои ми помогнаа во оформувањето и дополнувањето на практикумот.
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Engineering and Technology > Chemical engineering |
Divisions: | Faculty of Technology |
Depositing User: | Kiro Mojsov |
Date Deposited: | 17 Sep 2015 12:50 |
Last Modified: | 17 Sep 2015 12:50 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13821 |
Actions (login required)
View Item |