Kosevaliska, Olga (2011) Медицинска етика. Ние, Вие и здравјето, 1 (22). ISSN 1857-5463
Text
Medicinska etika.pdf Download (345kB) |
Abstract
Етичките начела на кои почива медицината се неопходни затоа што истите ги диктираат насоките на донесување на сложени и комплицирани одлуки кои се однесуваат на фундаменталните права на болниот а не ретко и на здравниот човек, на неговиот живот и смрт. За разлика од медицината и правото кои се едни од најстарите науки, медицинското право во споредба со другите правни гранки е една од најмладите правни дисциплини која има најдинамичен развој. Медицинското право е правна дисциплина која со правни норми го уредува односот помеѓу пациентите и медицинските лица.
Впрочем, општо познат е фактот дека односот меѓу лекарот и пациентот истовремено е и етички и правен. Етичките правила ги обликуваат правните норми и обратно. Правните прописи пак поврзани со медицината се наоѓаат во скоро секоја гранка од правото: кривично, граѓанско, социјално, управно, облигационо, меѓународно и нормално во највисокиот правен акт во државата – Уставот. Од таму и потребата за нивна детална критичка анализа од страна на мултидисциплинарен тим од правници и лекари и други задравствени работници. Во отсуство на постојаното прилагодување на бројните правила врзани нераскинливо за медицината се обезвреднуваат и медицинската етика и медицинското право при што неопходно е ваквото прилагодување и осовременување на правните правила да произлегува од теоријата проверена низ секојдневната пракса.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Olga Kosevaliska |
Date Deposited: | 20 Nov 2012 10:26 |
Last Modified: | 25 Jun 2015 11:04 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/1382 |
Actions (login required)
View Item |