Дигитален воден жиг во слика во фреквентен домен со дискретна косинусна трансформација

Ljubotenska, Ana and Mileva, Aleksandra (2015) Дигитален воден жиг во слика во фреквентен домен со дискретна косинусна трансформација. Yearbook of the Faculty of Computer Science, 3. pp. 73-81. ISSN 1857- 8691

[thumbnail of 909-1748-1-PB.pdf]
Preview
Text
909-1748-1-PB.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Во денешното современо општество дигиталните медиуми ги заменија традиционалните аналогни медиуми, што е разбирливо живеејќи во ера на информации, каде билиони битови податоци се создаваат во секој дел од секундата. Под поимот дигитален медиум се подразбира дигитално претставување на текст, слики, аудио, видео и сл. Ваквиот начин на претставување има голем број на предности споредено со традиционалниот, како на пример лесна манипулација и модификација, едноставно зачувување, правење копии и дистрибуција, без загуби и нарушувања на квалитетот. Но јасно е дека предностите со себе повлекуваат и голем број проблеми. Суштината на проблемите е неовластениот пристап до дигиталните податоци. Нивното надминување се врши со шифрирање или
заштита од копирање, односно заштита на авторските права. Како крајна линија на оваа одбрана е вметнување на податоци, односно дигитални водени жигови (анг. Watermark) директно во документите. Во овој труд е објаснет поимот дигитален воден жиг, направен е преглед на начините на нивно криење, ставајќи акцент на криењето на дигитален воден жиг во слика со користење на
дводимензионална дискретна косинусна трансформација, скратено DCT. Овој метод работи во фреквентен домен со внесување на псевдослучаен редослед на реални броеви во одбран сет на DCT коефициенти. Изборот на дигитален воден жиг се врши со маскирање на карактеристиките на
човечкиот визуелен систем, за да се направи печатот невидлив. Техниката за криење на информација во рамките на дигитална слика со DCT е имплементирана со користење на MATLAB програмскиот јазик. Ваквиот начин овозможува одржување на доверливоста и приватноста на критичните
информации и заштита на истите од потенцијална кражба или неовластен пристап. Освен техниката за криење и извлекување на дигитален воден жиг од слика со DCT, во трудот се тестирани и повеќе напади кои се вршат врз дигиталниот воден жиг.

Item Type: Article
Subjects: Natural sciences > Computer and information sciences
Divisions: Faculty of Computer Science
Depositing User: Aleksandra Mileva
Date Deposited: 10 Sep 2015 13:21
Last Modified: 10 Sep 2015 13:21
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13791

Actions (login required)

View Item View Item