Mladenoski, Ranko (2008) Македонска книжевност во 130 тома. [Project]
Preview |
Text
Ranko Mladenoski Ucestvo vo Proekt Mak kniz vo 130 toma.pdf Download (3MB) | Preview |
Abstract
Во 2007 година Министерството за култура на Република Македонија започна со реализација на еден обемен проект озаглавен како „Македонска книжевност во 130 тома“ (или „130 тома македонска книжевност“) во кој беа вклучени голем број составувачи, редактори, приредувачи, академици, професори, научни работници, писатели, критичари и есеисти. Веќе во 2008 година започна објавувањето и промовирањето на томовите од овој проект, а во 2009 година главнината од овој грандиозен проект и основната замисла беше реализирана. Беа објавени дела на околу 200 писатели напишани на македонски, албански, турски, ромски и влашки јазик. Ранко Младеноски учествуваше во овој проект со подготовка на том 64 во кој беше објавен избор од поезијата на познатиот и признат македонски поет Петре Бакевски. Насловот на овој том гласи „Небесен оган“. Младеноски го изврши изборот од поезијата на Бакевски и подготви еден екстензивен предговор за целокупното поетско дело на Петре Бакевски со наслов „Длабоките корени на иднината“. Во трудот (предговорот) на Младеноски е извршена детална анализа на основните особености на поезијата од Бакевски, а се врши и еден панорамски преглед на активата на македонската книжевна критика во однос на естетските вредности на стиховите од Бакевски.
Item Type: | Project |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Ranko Mladenoski |
Date Deposited: | 10 Sep 2015 13:22 |
Last Modified: | 10 Sep 2015 13:22 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13789 |
Actions (login required)
View Item |