Организациски претпоставки за ефективност и ефикасност на јавните научни установи.

Denkova, Jadranka (2005) Организациски претпоставки за ефективност и ефикасност на јавните научни установи. Masters thesis, ЈНУ Институт за социолошки и политичко правни истражувања Универзитет Св. Кирил и Методиј Скопје.

[thumbnail of JADRANKA magisterska.pdf]
Preview
Text
JADRANKA magisterska.pdf

Download (862kB) | Preview
[thumbnail of POCETNI_STRANI_MAG_1906 1.pdf]
Preview
Text
POCETNI_STRANI_MAG_1906 1.pdf

Download (203kB) | Preview

Abstract

Во отсуство на јасна и конзистентна идеја за функцијата на науката во решавањето на тековните и развојните проблеми (пред се од страна на оние државни структури кои се ресорно надлежни за дејноста и номинално се јавуваат како псевдо-сопственик на јавните научни установи), отсуствуваат јасни и одржливи критериуми, индикатори, инструменти и процедури за следење и вреднување на ефектите од активностите во остварувањето на самата научно-истражувачка дејност. Проблем е дека во рамките на дејноста не постои насочување, координација и вреднување, оттаму е функционално нејасна позицијата на самите јавните научни установи како носители на дејноста (зошто воопшто го прават тоа што го прават), со конкретни последици врз ефективноста и ефикасноста во непосредното нивно остварување на дејноста. Отсуството на јасно определени овластувања и одговорности за лицата ангажирани во реализацијата на дејноста и раководење со организацијата (со јавната научна установа), прецизни работни процедури и процедури за координација меѓу јавните научни установи и Министерството за образование и наука, како и издржани критериуми за вреднување на учинокот, го дава заклучокот дека отсуствуваат претпоставки за постигнување организациска ефективност и ефикасност кај јавните научни установи.
Клучни зборови:

•научно-истражувачка дејност
•јавни научни установ
•организациска ефикасно
•организациска ефективност

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Law
Humanities > Other humanities
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Jadranka Denkova
Date Deposited: 27 Aug 2015 09:19
Last Modified: 27 Aug 2015 09:19
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13766

Actions (login required)

View Item View Item