Пензиско инвалидско осигурување во РМ

Majhosev, Andon (2009) Пензиско инвалидско осигурување во РМ. . (Unpublished)

[thumbnail of ПЕНЗИСКО.doc] Text
ПЕНЗИСКО.doc

Download (87kB)

Abstract

Во март 2000 година Собранието на РМ го донесе Законот за изменување и допoлнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување (Сл. Весник на РМ бр.24/2000). Со овие измени во РМ, се воспостави повеќеслоен (тростолбен) пензиски систем и тоа:

1). Задолжително пензиско и инвалидско осигурување врз основа на генерациска солидарност (Прв столб)
2). Задолжително капитално-финансирано пензиско осигурување (Втор столб)
3). Доброволно капитално финансирано пензиско осигурување(Трет столб).
Задолжителното и доброволното капитално финансирано пензиско осигурување поблиску се уредени со посебни закони.
Задолжителното пензиско и инвалидско осигурување, почива на начелото на социјална праведност и генерациска солидарност, и преку него се остваруваат права во случај на старост, намалување на или загубување на на работната способност, смрт и телесно оштетување.
Начелото на социјална праведност значи, дека работниците обезбедуваат материјална и социјална сигурност за себе и членовите на своето семејство и взаемно едни за други, придонес плаќаат сите, а правата ги користат само оние работници кај кои ќе настане некој од осигурените случаи и кои ги исполниле условите за остварување на одредено право според овој закон
Начелото на генерациска солидарност значи дека осигурениците, идните пензионери зависат од идните генерации
Клучни зборови: пензија, право од пензиско и инвалидско осигурување, осигуреници

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Andon Majhosev
Date Deposited: 18 Aug 2015 09:57
Last Modified: 18 Aug 2015 09:57
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13707

Actions (login required)

View Item View Item