Vasileva, Mimica (2015) Обврзниците - долгорочни-должнички финансиски инструменти со посебен осврт на состојбата на пазарот на обврзници во Република Македонија. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.
Preview |
Text
магистерски труд-финален.pdf Download (2MB) | Preview |
Abstract
Обврзниците се должнички хартии од вредност, кои на емитентот му обезбедуваат можност за добивање дополнителни средства, а инвеститорот добива ветување за идни купонски примања и враќање на номиналната вредност на обврзницата на определен датум и по точно утврдените услови, дефинирани во посебен договор.
Важен аспект поврзан со обврзниците како инструмент е нивното вреднување.
Најрелеванта мера за вреднување на обврзниците е приносот до доспевање.Тој базира на концептот за сегашна вредност на идните готовински приливи.
Со цел да се утврди можноста одреден субјект да се задолжува преку издавање обврзници, потребно е да се изврши оценка на кредитниот рејтинг, за што е важно т.н. рангирање на обврзниците.
Пазарот на обврзници изобилува со најразлични видови, кои се разликуваат во поглед на издавачот, условите под кои се издаваат и можностите што ги нудат.Такви се: државните обврзници, општинските обврзници, корпоративните обврзници, обврзниците со можност за отповикување, конвертибилните обврзници, хипотекарните, странските, еврообврзниците и други.
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 08 Jul 2015 12:09 |
Last Modified: | 08 Jul 2015 12:09 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13557 |
Actions (login required)
View Item |