Вкупни хидропероксиди – маркер за липидна пероксидација кај коронарна артериска болест

Kamceva, Gordana and Ruskovska, Tatjana and Atanasova, Marija and Zdravkovska, Milka and Stoikova, E and Cakalarovski, Koco and Simonovska, Ljiljana (2015) Вкупни хидропероксиди – маркер за липидна пероксидација кај коронарна артериска болест. Medicus, информативен гласник на јавното здравство - Штип. ISSN 1857-5994 (In Press)

[thumbnail of VKUPNI HIDROPEROKSIDI - sreden.docx] Text
VKUPNI HIDROPEROKSIDI - sreden.docx

Download (101kB)
[thumbnail of Scan 11_6_2015 12_38.pdf]
Preview
Text
Scan 11_6_2015 12_38.pdf

Download (586kB) | Preview

Abstract

Вовед
Оксидативниот стрес придонесува во развојот на атеросклерозата и доведува до нестабилност на плаката во васкуларниот ѕид. Серумските биомаркери на липидна пероксидација, како што се хидропероксидите, може да претставуваат независен индикатор за ризик кај пациентите со коронарна артериска болест (КАБ).
Цел
Да се испита дали постои разлика во концентрацијата на хидрoпероксидите во плазмата, помеѓу пациенти со коронарна артериска болест и здрави крводарители.
Материјал и методи
Испитувањето претставува пресечна студија во која се вклучени 300 пациенти, поделени во две групи: пациенти со акутна коронарна артериска болест и хронична (исхемична) болест на срцето, со соодветни подгрупи. Примероците се обработувани во биохемиската лабораторија при што е користен фотометриски тест за квантитативно определување на вкупните хидропероксиди во крвна плазма, а за интерпретација на резултатите се користени стандардни референтни вредности.
Резултати
Добиените резултати укажуваат на статистички значајна разлика во однос на средните вредности на концентрацијата на хидропероксидите кај испитаниците со и без коронарна артериска болест, но непостои статистички значајна разлика меѓу испитаниците со акутна и со хронична коронарна артериска болест, ниту пак меѓу формираните подгрупи на пациенти.
Заклучок
Резултатите укажуваат на зголемено ниво на вкупните хидропероксиди во крвната плазма кај пациенти со коронарна артериска болест што укажува на постоње на редокс дисбаланс во споредба со здравите пациенти. Потребно е, во иднина, овие анализи да се користат како дел од панелот на веќе познати и/или нови биомаркери со цел соодветно да се делува кон превенција или одреден третман при лекувањето на пациентите со КАБ.

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Mirjana Kocaleva Vitanova
Date Deposited: 22 Jun 2015 08:25
Last Modified: 22 Jun 2015 08:25
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13381

Actions (login required)

View Item View Item