Papakoca, Kiro and Stefanova, Emilijа and Radeska, Ana and Filipovski, Vlatko and Ristovski, Marjan and Papakoca, Velko (2015) Ресорптивни и нересорптивни мембрани во оралната хирургија. In: 7th Macedonian Dental Congress with International Participation "Dental Science in Everyday Practice", 11-14 June 2015, Ohrid, Macedonia.
Preview |
Text
НАУЧНА ПРОГРАМА ДВОЈАЗИЧНО 2015 1 - Copy.pdf Download (56MB) | Preview |
Slideshow
ресорптивни и нересорптивни мембрани во оралната хирургија МСД - Охрид 2015г. 1-1-11.ppsx Download (72MB) |
|
Slideshow
MDRandMSD2015.exe Download (6MB) |
Abstract
Вовед: Клиничката употреба на мембраните во оралната хирургија се случуваше уште во средината на 80-тите години, кога водената коскена регенерација станува стандардна процедура, користена во многу стоматолошки ординации. Тука ќе дискутираме за титаниумски нересорптивни мембрани, како и за повеќе користени иновативни техники за нивна употреба, но и за употреба на нересорптивните мембрани и заедничка употреба на сите нив во процесот на аугментација со соодветни техники.
Материјал и метод: Ќе се дискутираат основните техники и принципи за користење на мембраните со помош на различни техники. Голем напредок е постигнат како во изработка на готови – формирани титаниумски мембрани, така и во биоматеријалите и во подобрување на нивните механички својства но и континуирано намалување на цените. Ќе презентираме и неколку клинички случаи на употреба на овие мембрани, со добиените резултати.
Резултати: За следните генерации на мембрани се предвидува да се подобрат нивните функционални особини. Остеокондуктивните и биоактивните фактори за раст сега се инкорпорирани и овозможуваат подобро формирање на коска, а пак антимикробните супстанции имаат за цел да се минимизира влијанието на надворешната контаминација. Голем број на истражувања се направени во оваа насока во последниве 20тина години.
Заклучок: Долги хируршки процедури, веќе не се потребни, како би го попречиле заздравувањето на раните со големи непријатности за пациентот. Белег врз следните истражувања засега се дискутираат околу APRF, PRGF и другите мембрани кои се користат во водена коскена регенерација.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Lecture) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Kiro Papakoca |
Date Deposited: | 18 Jun 2015 08:56 |
Last Modified: | 18 Jun 2015 08:56 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13363 |
Actions (login required)
View Item |