Fotova Cikovikj, Katerina and Jovanov, Tamara and Fotov, Risto (2015) Предизвици на современиот банкарски маркетинг -интегрирани маркетинг комуникации: случајот на Република Македонија. Македонско меѓународно списание за маркетинг, 1 (1). pp. 64-69. ISSN 1857-9795
Preview |
Text (published paper)
ПРЕДИЗИВИЦИ НА СОВРЕМЕНИОТ БАНКАРСКИ МАРКЕТИНГ.pdf - Published Version Download (372kB) | Preview |
Preview |
Text (Editorial board and Contents )
МАКЕДОНСКО МЕЃУНАРОДНО СПИСАНИЕ МАРКЕТИНГ БРОЈ 1.pdf - Published Version Download (3MB) | Preview |
Abstract
Како еден од основните инструменти на маркетингот, промоцијата опфаќа од една страна, информирање и убедување на потрошувачите, а од друга вкупниот систем и процес на комуницирање меѓу компаниите и потрошувачите кој треба да се сфати како настојување, или преземање на одделни активности, чија цел е пред се да се создаде поволно мислење за производите (услугите) за да тие се прифатат од потрошувачите. Често пати, како што е случајот во Р. Македонија, комуникациските маркетинг напори на компанијата не се добро интегрирани едни со други или со другите елементи на нејзиниот маркетинг и/или промотивен микс. Во рамките на дадена маркетинг кампања, премногу компании користат пристап на „еден обид“ за да предизвикаат купување. Одделните инструменти на маркетинг комуникациите можат да се интегрираат во определен систем кој се нарекува интегрирани маркетинг комуникации (ИМК), кој вклучува користење на кампањи со повеќе средства, и во повеќе фази за подобрување на реакцијата, како на пример, едновремено користење на: платен оглас со механизам на одговор, директно јавување по пошта, маркетинг по пат на користење на телефон, лична продажба и континуирано комуницирање.
Банкарскиот сектор во Р. Македонија, во последните неколку години покажа значителен напредок во процесот на комуникација со своите потрошувачи и се истакна како позитивен пример во споредба со бројните останати индустриски гранки. Овој труд ги анализира практиките на дел од македонските банки во процесот на комуникација со потрошувачите, од аспект на промотивниот микс кој го корстат за воспоставување на долгорочни односи со потрошувачите. Основната цел на трудот е преку приказ на практиките во маркетинг активностите во банкарскиот сектор, да се поттикнат на размислување и останатите компании за употреба на слични активности, преку следење на најдобрите практики.
Клучни зборови: интегрирани маркетинг комуникации, банкарски сектор, најдобри практики, банкарски маркетинг
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Tamara Jovanov |
Date Deposited: | 19 Jun 2015 09:38 |
Last Modified: | 14 Aug 2018 09:01 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13327 |
Actions (login required)
View Item |