Temjanovski, Riste and Atanasoski, Drasko (2015) Меѓународен транспорт и шпедиција. Универзитет „Гоце Делчев“, Штип. ISBN 978-608-244-155-9
Preview |
Text
Transport i spedicija repozitourium.pdf Download (385kB) | Preview |
Abstract
Учебникот Меѓународен транспорт и шпедиција е во согласност со наставните програми на Прв циклус на студии што се изучуваат на Економскиот факултет и Факултетот за туризам и логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип.
Основна цел на учебникот Меѓународен транспорт и шпедиција е да овозможи стручно дефинирање и совладување на теоретските и практичните познавања од областа на транспортот, особено меѓународниот транспорт, шпедиција и одредени регулативи во меѓународниот транспорт. Во содржината се опфатени определени теоретски и методолошки знаења и искуства кои се неопходни за согледување на основните карактеристики во развојот на сообраќајниот систем кај нас и во светот.
Трудот е наменет главно за студентите, да им послужи како патоказ, помагало, во стекнувањето на знаења во решавањето на проблемите од областа на меѓународниот транспорт и шпедиција на економските, правните факултети, факултетите за туризам и логистика, како и за сите останати мултидисциплинарни области, теоретичари и практичари кои се занимаваат со оваа проблематика.
Меѓународниот транспорт претставува значајна стопанска дејност во системот на општествена репродукција, бидејќи без него не може да функционира системот на меѓународна размена. Современиот, ефикасен и рационално димензиониран сообраќај е основен услов за целосно функционирање на економскиот систем во секоја земја.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Prof.d-r Riste Temjanovski |
Date Deposited: | 11 Jun 2015 10:15 |
Last Modified: | 11 Jun 2015 10:15 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13297 |
Actions (login required)
View Item |