Матични клетки во стоматологија – извор и примена

Zlatanovska, Katerina and Petrovski, Mihajlo and Mitevska, Monika and Naceva, Monika (2015) Матични клетки во стоматологија – извор и примена. In: 22nd International Dental Student’s Scientific Congress, 22-24 May 2015, Ohrid, Macedonia.

[thumbnail of ABS2015.pdf]
Preview
Text
ABS2015.pdf

Download (18MB) | Preview
[thumbnail of Poster Studentski 2015 Monika.pdf]
Preview
Text
Poster Studentski 2015 Monika.pdf

Download (949kB) | Preview

Abstract

Цел: Матичните клетки можат да се самообноват и да создаваат различни видови на клетки, со што се обезбедуваат нови можности за регенерирање на ткива кои недостасуваат, како и за третман на болести. Во стоматологија, возрасни мезенхимални клетки/ stromal cells (MSCs) идентификувани се во неколку орални и максилофацијални ткива, што упатува дека оралните ткива се богат извор на матични клетки.
Материјал и метод: Повеќе стручни книги кои се наменети за оваа проблематика, како и пребарувања и испитувања по апстракти и најнови студии беа вклучени во текот на ова испитување.
Резултати: Постојат различни видови на интра и екстра орално добиени матични клетки во зависност од клиничката достапност и апликациите во стоматологија. Како постои голем клинички интерес за матичните клетки и терапиите со ткивен инжинеринг во стоматологијата, се очекува оралните ткива да бидат не само извор туку и терапевтска цел за матичните клетки.
Заклучок: Во неколку студии се покажани потенцијалните предности за терапии базирани врз матични клетки кај регенеративните третмани. Новите технологии на аугментација со кои се овозможува солиден алвеоларен гребен добија значително внимание во областа на протетиката поради зголемената потреба за естетска и функционална реконструкција со забни импланти.
Клучни зборови: Дентални матични клетки, Извори на матични клетки, Регенеративна стоматологија, Регенерација на заби

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Zlatanovska
Date Deposited: 28 May 2015 08:06
Last Modified: 06 Aug 2015 10:42
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13212

Actions (login required)

View Item View Item