Nanev, Lazar and Ilievski, Jovan and Jakovcevska, Liljana and Kosevaliska, Olga (2014) Процедури за постапување со дете - жртва. [Project]
Preview |
Text
Unicef_VAC_MK_FINAL_23.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Република Македонија ја има ратификувано Конвенцијата за правото на детето и со тоа
презеде обврска да се грижи за нејзино остварување, односно да ги штити правата на
децата и да ја унапредува нивната состојба. Меѓутоа, тоа не е обврска само на државата,
тоа е обврска на поединците, кои низ секојдневните постапки може да покажат дека ги
признаваат и почитуваат правата што децата ги имаат.
Конвенцијата за правата на детето во чл. 39 пропишува обврска дека државата ги презема
сите соодветни мерки за подобро физичко и психичко закрепнување и за социјална
реинтеграција на детето, кое е жртва на некој облик на занемарување, експлоатација,
злоупотреба, мачење или некој друг облик на свирепо, нехумано или понижувачко
постапување или казнување или оружени судири. Таквото закрепнување и реинтеграција
се одвиваат во средината што ги поттикнува здравјето, самопочитувањето и достоинството
на детето.
Сите облици на насилство, злоставување, злоупотреба или занемарување со кои се
загрозува или нарушува физичкиот, психичкиот или интегритетот на детето претставуваат
повреда на едно од основните човекови права, кое Конвенцијата го има подигнато на
ниво на принцип односно начело, а тоа е правото на живот, опстанок и развој.
Процедурите се креирани и поради тоа што денес голем број деца страдаат поради
криминал и злоупотреба на моќ, поради тоа што правата на тие деца не се соодветно препознаени, поради тоа што можат да бидат изложени на дополнителни тешкотии кога
помагаат во правниот процес, дотолку повеќе што децата се ранливи и имаат потреба од
посебна заштита која одговара на нивната возраст, нивото на зрелост и индивидуалните
посебни потреби, со што би се спречила виктимизацијата на децата.
Key words: деца, жртви, сведоци, насилство.
Item Type: | Project |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Olga Kosevaliska |
Date Deposited: | 27 May 2015 13:40 |
Last Modified: | 27 May 2015 13:40 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13208 |
Actions (login required)
View Item |