Denkova, Natasa and Ago, German and Aleksovski, David (2015) Процена на рабното затварање на амалгамски и композитни реставрации - ретроспективна студија. In: 22nd International Dental Student’s Scientific Congress, 22-24 May 2015, Ohrid, Macedonia.
Preview |
Text
Poster 2015.pdf Download (7MB) | Preview |
Preview |
Text
ABS2015.pdf Download (18MB) | Preview |
Abstract
Цел: Целта на студијата ни беше да се направи процена на маргиналната адаптација на композитните и амалгамски реставрации кај студентите на стоматологија и нивните пациенти на клиничките вежби.
Материјал и метод: Испитувањето го реализиравме на 80 испитаници од двата пола, На клиничките вежби по кариологија на студентите од четврта година, на Студиската програма по стоматологија, при Факултетот за медицински науки, како и на нивните пациенти, преку преглед, инспекција, и сондирање ги анализиравме рабното затварање и маргиналната адаптација на амалгамските реставрации и композитните полнења.
Исто така беше подготвен и анкетен прашалник за да се процени мислењето на испитаниците. Добиените податоци статистички беа анализирани.
Резултати: Резултатите покажаа различни вредности на рабна адаптација кај композитните реставрации споредено со амалгамските полнења.
Заклучок: Рабното затварање на реставративните материјали се во тесна врска со нивните хемиски и физички карактеристики. При тоа не треба да се занемарат факторите оралната хигиена, конзумирањето на различни видови нахрана, начинот на четкање на забите, трауматската оклузија, и многу други. Сите овие етиолошки моменти поретко самостојно но најчесто заеднички допринесуваат за појава на несоодветно рабно затварање на полнењата и потреба за нивна соодветна промена.
Клучни зборови: дентален амалгам, композитни смоли, реставрации, инспекција, маргинален гап.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Poster) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Natasa Longurova |
Date Deposited: | 26 May 2015 09:48 |
Last Modified: | 26 May 2015 09:48 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13196 |
Actions (login required)
View Item |