Влијание на користењето на образовниот софтвер по математика во основното образование во функција на унапредување на работата со надарени ученици

Spandzova, Marika (2015) Влијание на користењето на образовниот софтвер по математика во основното образование во функција на унапредување на работата со надарени ученици. Masters thesis, Goce Delcev University - Stip.

[thumbnail of magisterski_trud_marika_spandzova.pdf]
Preview
Text
magisterski_trud_marika_spandzova.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Математиката и поедноставувањето на решавањето на задачи е предмет на студирање со години. Математичарите се во потрага на изнаоѓање на методи кои ќе го олеснат разбирањето на математичките поими, а со развојот на компјутерската технологија се развиваат и математичките едукативни програми. Нивна задача е да ја поттикнат креативноста на учениците и да го поедностават разбирањето на математичките концепти.
Учењето се подобрува преку примена на современи методи и техники на работа и токму во таа функција е примената на компјутерската технологија и образовниот софтвер1. За да се утврди стекнатото знаење и ефектот од наставата, треба да се следат активностите на учениците и да се добие повратна информација. Особено за математиката како наука, ако ученикот во порана возраст поефикасно ги совладува поимите, тогаш тој ќе биде поуспешен во погорните одделенија. Исто така со користењето на софтвер во наставата по математика на учениците им се внесува поголема мотивација и интерес. Така на пример SMART таблата и користењето на софтверот SMART Notebook го привлече вниманието и на учениците и на родителите. Но она што наставниците ги интересираше, е дали има ефект при совладувањето на наставата, освен привлекувањето на внимание и посветеност на предметот математика што е очигледно при изведувањето на наставата. Колкава и да е вештината на наставникот, тој не може да ги претстави формите и боите кои треба еден ученик да ги осознае за да добие добра основа од математиката и да нема потешкотии во повисоките одделенија.
Компјутеризацијата во основните училишта во Р.Македонија и слободен образовен софтвер кој е достапен за учениците, дадоа придонес за унапредување на наставата по математика. Таков е образовниот софтвер ГеоГебра. Низ анализа од примена во ООУ. „Страшо Пинџур” – Кавадарци, се согледуваат некои ефекти од користење на овој софтвер.

Клучни зборови: математика, софтвер, ГЕОГЕБРА, технологија, компјутеризација, мултимедија

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Natural sciences > Computer and information sciences
Divisions: Faculty of Computer Science
Depositing User: Vaska Zdravkova
Date Deposited: 22 May 2015 14:14
Last Modified: 22 May 2015 14:14
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13179

Actions (login required)

View Item View Item