Хотелиерството во функција на зголемување на туристичкиот промет од транзитните туристи

Ristova, Cvetanka (2015) Хотелиерството во функција на зголемување на туристичкиот промет од транзитните туристи. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[thumbnail of Cvetanka Ristova - Magisterska.pdf]
Preview
Text
Cvetanka Ristova - Magisterska.pdf

Download (3MB) | Preview

Abstract

Хотелиерството е еден од главните сектори во туристичката индустрија, која, пак е една од гранките кои најбргу се прошируваат во областа на услужната индустрија. Хотелската индустрија придонесе за огромен пораст на глобалната економија токму преку обезбедување на основните услуги за сместување и исхрана. Значењето на хотелиерството денеска е прикажано како водечки економски допринесувач во светските и националните економии во однос на додадена вредност, капитални инвестиции, вработувањето и даночните придонеси. Оттука, важно е да констатираме дека хотелската понуда се формира токму според потенцијалите на одредената држава за развивање на селективни видови на туризам. Согласно со тоа, ќе бидат и задоволени основните предуслови за создавање на туристички промет, чии карактеристики претставуваат важен елемент за вреднување на самото туристичко стопанство, и го оценуваат просторот врз база на неговата атрактивност и посетеност.

Клучни зборови: хотелска понуда, хотелски објект, туризам, туристички атракции, патен сообраќај.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Natural sciences > Other natural sciences
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Vaska Zdravkova
Date Deposited: 18 May 2015 09:47
Last Modified: 19 Dec 2018 09:13
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13178

Actions (login required)

View Item View Item