Getova, Taska (2014) Туризам на настани (Евент туризам) – потенцијал и развој во регионот на Валандово. Masters thesis, Goce Delcv University, Stip.
Preview |
Text
Туризам на настани (Евент туризам) - потенцијал и развој во регионот на Валандово.pdf Download (5MB) | Preview |
Abstract
Туризмот има големо значење за глобалната економија, а посебно за економиите на државите во развој. Настаните се интегрален дел на туризмот, но и нераскинлив дел со човечката цивилизација. Значи, настаните се глобален феномен кои сè повеќе добиваат на значење низ индустријата на евентите. Нашата држава, а и нашиот регион, иако имаат културно наследство, традиција, историја, сепак, до сега не го искористиле настанот како можност за брендирање на дестинацијата.
Настаните имаат големо влијание врз секој сегмент од човековиот живот, во економскиот, опшествениот, културниот до политичкиот. Причината поради која туристичките настани се сè повеќе популарни лежи во тоа што тие произведуваат многу позитивни ефекти и оптимални крајни резултати за целото општество.
Ова истражување има цел одредени теоретски сознанија да ги прилагоди на настанот како туристички производ во општини кои до сега не се познати како туристички дестинации во нашата држава како што е општина Валандово. Треба да го земеме предвид сознанието дека Евент туризмот на глобално ниво во последните години бележи брз развој.
Општина Валандово е распростанета на површина од 331 км², со надморска височина од 226 м и припаѓа во најниските општини во Република Македонија. Просечната стапка на височина на Валандовското поле изнесува 82 метри.
Во предметот на ова истражување се анализираат три поими што треба да се операционализираат: туризмот на настани - поим и дефинирање, постоечки настани во Валандовско и согледување на можност за поставување на стратегија за развој на туризмот на настани на поднебјето во Валандово.
Клучни зборови: стратегија, туристичка дестинација, развој.
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Natural sciences > Other natural sciences |
Divisions: | Faculty of Tourism and Business Logistics |
Depositing User: | Vaska Zdravkova |
Date Deposited: | 18 May 2015 09:04 |
Last Modified: | 18 May 2015 09:04 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13177 |
Actions (login required)
View Item |