Акупресурата како алтернативен начин за превенција и лекување на дискус хернија

Petrova, Gordana (2014) Акупресурата како алтернативен начин за превенција и лекување на дискус хернија. Other thesis, Goce Delcev University, Stip.

[thumbnail of Gordana Petrova - Trud.pdf]
Preview
Text
Gordana Petrova - Trud.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Дискус хернијата настанува со оштетување на ‘рбетните корени предизвикани од пролапс (испаѓање) на лумбалните интервертебрални дискуси. Меѓу пршленските тела на `рбетот постојат меки и еластични, дисковидни тела кои имаат улога на амортизери, перничиња кои понекогаш знаат да попуштат под дејство на различни фактори. Кај младите луѓе овие меѓупршленски тела (односно дискуси) се меки и еластични, но како и кај многу структури во телото, со возраста тие ја губат својата еластичност и стануваат подложни на повреди. Најновите истражувања покажуваат дека кај 30% од луѓето на триесетгодишна возраст веќе се јавуваат промени на меѓупршленските дискуси.
Секоја дискова хернија предизвикува болка, а болката спазам на мускулатурата, а спазамот пак, е одговорен за дезориентирање и сублуксација на пршлените по торакален и цервикален дел, па така во делот на протузијата или хемијата на ниво L4, L5 и S1 има зафаќање на периферен нерв и оток, т.е. застој на проток на енергија и крвонаполнување. Заради тоа, треба киропрактички да се наместат сублуксираните пршлени на ниво на врат и торакален дел, па да се постави на местото на болката (лумбален дел) ладна облога од 20 степени (преку крпа, не директно на кожа – вазоконстрикција). Додека пак, на торакалниот дел каде што имаме сублуксација на пршлени и недоволно крвонаполнување се поставува термо маса од плус 45 степени, па така добиваме еден добар проток на енергија по цел ’рбетен столб и самиот херниран диск е подложен на регенерација и дополнително хранење.
Кога еднаш со сигурност се дијагностицира деформација на ‘рбетниот дискус, попозната како дискус хернија, секогаш следи една голема низа на недоумици во врска со тоа што да се направи понатаму. Дали да се отиде на операција или не? Дали да се чува човекот од напор или да почне да вежба? Дали
5
да се оди на терапија и која? Иако техниката на оперативни зафати напредува, а новите методи на лечење даваат светло на денот, поради целиот низ на причини, одлуките за начинот на лекување кај дискус хернијата и денес се донесуваат индивидуално, со почитување на целиот низ на фактори коишто можат да влијаат на исходот на лекувањето.
Акупресурата претставува метод на традиционалната кинеска медицина (еден од методите кои се користат во физикалната медицина) кој се извршува со притискање на прстите или одредени помагала на одредени (акупресурни) точки на телото. Со тоа се пружа помош за намалување на тегобите (врз себе или врз другите).
Со акупресурата, според искуствата на традиционалната кинеска медицина, се воспоставува рамнотежа на животната енергија (Чи), односно биоенергијата, што резултира со лекување или санирање на одредени болести, односно тегоби.
Техниката на акупресура според својот квалитет и успешност се наоѓа веднаш зад акупунктурата, а од неа се разликува според тоа што се извршува без бодење со игли на одредените точки по телото.
Клучни зборови:
 Точки;
 Тегоби;
 Рамнотежа;
 Биоенергија;
 Метод;
 Кинеска медицина;

Item Type: Thesis (Other)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 14 May 2015 07:54
Last Modified: 14 May 2015 07:54
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13156

Actions (login required)

View Item View Item