Mladenoski, Ranko (2015) Сеопфатни книжевни и научни интерпретации. In: Радован П. Цветковски, Книжевни студии и поставки. Матица македонска, Скопје, pp. 383-392. ISBN 978-608-10-0296-6
Preview |
Text
Ranko Mladenoski pogovor vo kniga od Radovan P Cvetkovski.pdf Download (12MB) | Preview |
Abstract
Овој труд претставува осврт (рецензија) за книгата со наслов „Книжевни студии и поставки“ од авторот Радован П. Цветковски. Рецензијата (освртот) се објавува како поговор во истата книга на Цветковски. На почетокот од трудот се потенцира дека во бројните текстови од коишто е составена оваа книга авторот нуди свои видувања за дела од разни уметнички видови, но и од разни научни области, како што се поезија, роман, расказ, новела, драма, хумореска, анегдота, афоризам, карикатура, сликарство, теорија на литературата, дијалектологија, лексикографија, дијахрониски аспекти на битолската култура во најопшта смисла на зборот, издаваштво итн. Исто така, во трудот се анализираат методите на критичките валоризации на Радован П. Цветковски на голем број трудови од бројни автори како што се Милица Димитријовска‒Радевска, Весна Мундишевска‒Велјановска, Панде Манојлов, Никола Кочовски, Трајче Кацаров, Добре Тодоровски, Ванде Ганчевски, Мишо Јузмески, Кирил Трајковски и други. Во заклучокот од овој поговор се нагласува дека книгата „Критички студии и поставки“ од Радован П. Цветковски претставува мошне солиден придонес во проучувањето и расветлувањето, пред сè, на битолската, но и во еден поширок контекст на македонската културна историја.
Item Type: | Book Section |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Ranko Mladenoski |
Date Deposited: | 07 May 2015 09:06 |
Last Modified: | 07 May 2015 09:06 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13134 |
Actions (login required)
View Item |