Остварување и заштита на правата, обврските и одговорностите од работен однос

Belovski, Vojo (2014) Остварување и заштита на правата, обврските и одговорностите од работен однос. Годишен зборник на Правен факултет 2013/2014, 1 (4). pp. 69-84. ISSN 1857-8713

[thumbnail of Godisen zbornik PF_201314.pdf]
Preview
Text
Godisen zbornik PF_201314.pdf

Download (5MB) | Preview

Abstract

Остварувањето на правата, обврските и одговорностите
на работникот се уредуваат и санкционираат на две нивоа и тоа: прво на
ниво на работодавачот и второ на ниво на судска заштита. И кога станува
збор за одлука на работодавачот повредата на правото, обврската и
одговорноста на работникот случајот е јасен. Се разбира, сето тоа под
услов ако во постапката се утврди дека одлуката е незаконска. Состојбата
е значително потешка кога одредено право, обврска или одговорност
се крши или не се обезбедува со конкретно дејствие на работодавачот.
Ова нешто посебно ако дејствието се однесува на несторување. Во сите
оние случаи кога работодавачот не ги отстрани повредите, односно не ги
исполни обврските во натамошниот рок од 8 дена, сметано од денот на
врачувањето на писменото барање, работникот се стекнува со право на
судска заштита.Дури потоа работникот се стекнува со правото во рок од
15 дена да бара судска заштита пред надлежен суд. Ако работникот не
постапи така судот ќе му ја отфрли тужбата како недозволена.Судската
заштита се покренува со тужба од страна на работникот до надлежниот
суд. Судската надлежност се уредува во согласност со одредбите на
Законот за парнична постапка и Законот за судовите.Законот за работните
односи ја предвидува и можноста на претходно мирно решавање на спорот
(работните спорови) доколку страните се одлучат тоа да се спроведе во
вонсудска постапка.Важно е да се потенцира дека покрај жалба како
редовен правен лек по која одлучува апелациониот суд, странките во
споровите од работните односи имаат право (без оглед на вредноста на
спорот) и на ревизија како вонреден правен лек, која секогаш е дозволена
по повод престанок на работниот однос, а по која одлучува Врховниот
суд на Република Македонија (член 372, став 3, точка 3 од Законот за
парничната постапка).

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Vojo Belovski
Date Deposited: 04 May 2015 08:35
Last Modified: 04 May 2015 08:35
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13096

Actions (login required)

View Item View Item