Belovski, Vojo (2014) Парична казна, отказни рокови и приговори против одлуките на работодавачот и застареност. Годишен зборник на Правен факултет 2013/2014, 1 (4). pp. 53-68. ISSN 1857-8713
Preview |
Text
Godisen zbornik PF_201314.pdf Download (5MB) | Preview |
Abstract
Во зависност од критериумите утврдени во Законот
за работните односи, работодавачот може на работникот да му изрече
парична казна, која не може да биде поголема од 15% од последната
исплатена месечна нето плата на работникот, во траење од еден до шест
месеца. Оваа законска одредба не е нова и непозната. По својата содржина
е слична со член 116 од Законот за работните односи од 1993 година.
Но, постои една значајна разлика. Според Законот за работните односи
од 1993 година работодавачот можеше да го замени отказот на договорот
за вработување со парична казна, а според член 84 од постојниот закон
работодавачот може на работникот, наместо откажување на договорот
за вработување, да му изрече парична казна. Сметам дека работодавачот
треба почесто да ја применува паричната казна (а не дирекно отказ, ако
се усолнети законските услови кои реално, непристрасно и објективно
треба да се оценат од надлежниот орган), со што треба да се очекува
дека работникот ќе постане полојален кон работодавачот и ќе го подобри
своето работење и ќе избегнува во иднина повреда на работните обврски и
на работниот ред и дисциплина.Одлуката за изречување на парична казна
може да ја донесе и надлежниот второстепен орган кај работодавачот
(органот на управување, односно работодавачот), по приговор на
работникот изјавен против одлуката за откажување на договорот за
вработување. Со измените на Законот за работните односи од 6.12.2013
година е направена дистинкција помеѓу „лични причини и причини на
вина“, што е очигледно дека роковите кај „причини на вина“ се дуплирани
(на барање на работодавачите).
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Vojo Belovski |
Date Deposited: | 04 May 2015 08:33 |
Last Modified: | 04 May 2015 08:33 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13095 |
Actions (login required)
View Item |