Клиничка евалуација на фибринолитичката активност на крвта при орално - хируршки интервенции

Dimova, Cena (2002) Клиничка евалуација на фибринолитичката активност на крвта при орално - хируршки интервенции. Masters thesis, Стоматолошки факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје.

[thumbnail of magisterium - Cena Dimova.pdf]
Preview
Text
magisterium - Cena Dimova.pdf - Published Version

Download (901kB) | Preview

Abstract

Суштествената улогата на фибринолитичкиот систем во процесот на хемостазата и учеството на активаторите и инхибиторите на фибринолизата во многубројните физиолошки процеси кај човекот, се застапени сî почесто во современата научна литература.
Недостигот на лични сознанија во врска со оваа област претставуваше предизвик и насока за да се постават целите на овој магистерски труд: да се испита дали орално-хируршките интервенции, како психофизичка и оперативна траума влијаат врз одговорот на фибринолитичкиот систем на крвта, односно дали можните промени на ниво на фибринолитичкиот систем на крвта, ќе се манифестираат со препознатлива клиничка слика.
За реализација на поставените цели на испитувањето, на Клиниката за орална хирургија при Стоматолошкиот клинички центар - Скопје, беа опфатени 80 здрави испитаници, со негативна анамнеза за склоност кон спонтано и продолжено крвавење, или тромбоза.
Врз основа на анамнестичките податоци, клиничкиот екстраорален и интраорален преглед, како и по спроведените рендгенграфии и нивната анализа, беа поставени индикации за орално-хируршки интервенции.
Според видот на изведените интервенции, пациентите беа поделени во две групи и тоа: прва група - 40 испитаници со типични екстракции и втора група - 40 испитаници со оперативни орално-хируршки интервенции. Како контролна група беа 35 испитаници - крводарители.
Влијанието на орално-хируршките интервенции врз вредностите на проактиваторите и инхибиторите на фибринолитичкиот систем беше оценето преку следење на лабораториски тестови во два временски периоди: пред орално-хируршките интервенции и непосредно по нив.
Како единствени објективни параметри за физикалниот одраз на стресот, беа евидентирани вредностите на крвниот притисок и пулсот пред интервенциите, по аплицираната локална анестезија, во текот и на крајот на интервенциите.
Контролните прегледи беа извршените 24, 48 часа и седум дена по интервенциите при што беше евидентирано присуството на едем, хематом, болка, алвеолитис и продолжено крвавење.
Добиените резултати, нивната статистичка анализа и пресметаните коефициенти на корелација претставуваат обработени вредности на испитуваните параметри од клиничките и параклиничките испитувања.
Кај двете испитувани групи, по екстракциите и оперативните орално-хируршките интервенции, беа утврдени квалитативни и квантитативни промени на тромбоцитите; намален бројот на тромбоцитите (p<0.01) и зголемена агрегација на тромбоцитите со ADP (p<0.05) во однос на истите пред извршените интервенции.
Резултатите од "screening" тестовите покажаа дека во тек на интервенциите настапиле одредени промени во коагулацијата што се гледа од зголемените вредности на тромбинското време по интервенциите во однос на истото пред интервенциите; статистичката анализа сигнификантна разлика (p<0.05).
Тестот на венска стаза покажаа вредности со статистички висока сигнификантна разлика (p<0.01) по извршените интервенции кај двете испитувани групи, кое пак, укажува за степенот на можното оштетување на ендотелот на крвните садови и фибринолитичкиот капацитет во текот на орално-хируршките интервенции.
Специфичниот и селективниот имуноензимски тест за испитување на фибринолитичката активност на крвта покажа зголемени вредности на t-Pa и PAI-1 по орално-хируршките интервенции и статистички висока сигнификантна разлика (p<0.01). Тоа зборува дека во текот на орално-хируршките интервенции настанало ослободување на PAI-1 од ендотелот и делумна неутрализација на зголемените вредности на ослободениот t-Pa. Параметрите на фибрино-литичкиот систем покажаа умерена и средно јака меѓусебна позитивна корелација.
Резултатите од испитаните витални параметри, крвниот притисок и пулсот, во текот на екстракциите и оперативните интервенции покажаа статистичка значајна разлика (p<0.05), при анализата на вредностите на дијастолниот крвен притисок и пулсот, што укажува на психичката димензија на орално-хируршките интервенции. Постои позитивна корелација на повеќето параметри од контролните прегледи со елементите на фибринолитичкиот систем кај двете испитувани групи. Добиените резултати дозволуваат да се заклучи дека:
 Орално-хируршките интервенции имаат влијание врз хемостазата и тоа преку влијанието врз носителите на целулараната и хуморалната хемостаза, важни како паралелни учесници со фибринолитичкиот систем.
 Орално-хируршките интервенции имаат влијание врз фибринолизата со ослободување на проактиваторите и инхибиторите на фибринолитичкиот систем.

Клучни зборови: Екстракција на заб, орална хирургија, фибринолиза, тест на венска стаза, ткивен активтор на плазминогенот (t-Pa), инхибиторна ткивниот активатор на плазминогенот (PAI- 1); хеморагија; стрес.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Cena Dimova
Date Deposited: 04 May 2015 08:21
Last Modified: 04 May 2015 08:21
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13089

Actions (login required)

View Item View Item