Jankuloski, Goce (2015) Трансформациското лидерство како генератор на успехот на работењето. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.
Preview |
Text
Magisterska- Goce Jankuloski.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Една компанија е онолку конкурентна колку што е подготвена да
одговори бргу и оригинално на промените. Сè повеќе сме сведоци дека
компаниите во современото работење се соочуваат со нови предизвици на кои
мораат да одговорат на динамичен и инвентивен начин, како и да ги
мобилизираат сите расположливи ресурси со цел да ја задржат
конкурентската предност, но и да изнајдат начини до максимум да ги
мобилизираат креативните потенцијали на секоја единка од нивниот
екосистем.
Тоа подразбира нов начин на водење и управување на фирмите, при
што лидерот ги инспирира своите следбеници да ја следат неговата визија и
да ја спроведат потребната промена доброволно, со полн ентузијазам и како
дел од тимот кој соработува и е посветен кон заедничката цел. Ваквиот
пристап се покажал не само како морален и етички, туку ги подобрува и
перформансите на членовите од тимот, нивната мотивација, лојалноста кон
фирмата, изградбата на корпоративна култура, чувството за личен идентитет,
како и задоволството од работењето.
Трансформацискиот лидер е модел за своите следбеници, ги
предизвикува да преземат индивидуална иницијатива и одговорност, да ги
сфатат своите слабости и предности и постојано да работат на своето
усовршување со унапредувањето на работата.
Трансформацискиот лидер се одликува со карактеристики како што се:
личен интегритет, доверба од следбениците, креативност, тимска
ориентација, благодарност кон другите , учење, одговорност, признавање и
други. Тој со конкретни лични примери и дела ги менува перцепцијата и
очекувањата, а нивниот заразен ентузијазам е дополнителна мотивација за
нивните следбеници да направат дополнителен исчекор за комплетирање на
задачата.
Кај трансормациските лидери успехот не е резултатсамо на харизмата.
Иако неретко трансформациските лидери се идеализирани, вистинска мерка
за нивната успешност е ефектот што го имаат тие врз своите следбеници.
Трансформациското лидерство има огромен потенцијал да развие
внатрешен човечки капитал во организациите и тоа далеку над очекувањата.
Дополнително, има потенцијал да управува со промените во организациите и
кај нивните вработени на начин што ќе обезбеди раст, менаџирање на ризици и минимизирање на негативните ефекти. Има бројни позитивни и успешни
примери од примената на трансформациското лидерство и поради тоа
деталите за него се обработуваат во трудот во продолжение,
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 21 Apr 2015 11:57 |
Last Modified: | 21 Apr 2015 11:57 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13067 |
Actions (login required)
View Item |