Aleksovski, Vlatko (2015) Маркетингот како функција и користење на промоцијата како маркетинг тактика за создавање профит и позитивен имиџ за компаниите. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.
Preview |
Text
Konecna-magisterska-Vlatko-lektorirano.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Современиот маркетинг претставува обид за создавање вредност за потрошувачите и градење на профитабилни односи со нив. Сè започнува со разбирање и сфаќање на потребите и желбите на потрошувачите, со цел потоа да се дојде до решение за целните пазари што компанијата може најдобро да ги опслужи, како и развивање на задолжителен вредносен производ со чија помош организацијата може да ги придобие, да ги задржи и да ги развива целните потрошувачки групи. Ако една компанија овие работи ги врши на правилен начин, таа подоцна ќе може да профитира благодарение на својот успех. Маркетингот е многу повеќе од обична бизнис-функција. Односно маркетингот е функција според која се управува целата организација. Одделот за маркетинг во една компанија не може сам по себе да создаде потрошувачка вредност и да создаде профитабилни односи со потрошувачите. Тоа е задача, потфат и цел во кој мора да учествува целата компанија и претпоставува донесување на големи и важни одлуки и решенија, како што е одбирање на целната потрошувачка група, кои потреби ги има таа потрошувачка група и како треба да се задоволат, кои производи и услуги да се понудат, какви цени да се одредат, како да се комуницира со јавноста односно потрошувачите и какви партнерски односи да се развиваат. Секторот за маркетинг мора да има соработка и со другите сектори на компанијата, како и со другите организации преку целиот систем за создавање вредности, со цел да се задоволат потрошувачите преку создавање супериорни вредности за нив.
Клучни зборови: маркетинг, маркетинг процес, производ, услуга, искуство, пазари, маркетинг стратегија, марктинг пејзаж, бренд, имиџ, промоција.
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 24 Mar 2015 09:03 |
Last Modified: | 24 Mar 2015 09:03 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12965 |
Actions (login required)
View Item |