Рехабилитација и корекција на 'рбетен столб на деца од 5 до 12 години

Kamenceva, Ana (2015) Рехабилитација и корекција на 'рбетен столб на деца од 5 до 12 години. Other thesis, Goce Delcev University, Stip.

[thumbnail of рехабилитација-и-корекција-на-_рбетен-столб-специјалистички-труд.pdf]
Preview
Text
рехабилитација-и-корекција-на-_рбетен-столб-специјалистички-труд.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Коскено-мускулниот систем кај децата во развој под влијание на внатрешните и надворешните фактори е подложен на различни деформации. Наследниот фактор и лошото држење на телото, недоволната физичка активност доведуваат до нарушување на статиката на ’рбетниот столб, што резултира со појава на деформитети. Неодамнешните истражувања покажуваат дека болката во грбот која се јавува кај децата е во корелација со неколку фактори а тоа се лошо држење на телото, неправилно седење, слабост на мускулите. Бидејќи појавата на болка во грбот кај децата во нивното детство е важен предупредувачки фактор, превенцијата од нејзино спречување е од голема важност. Мерењата на исправената положба на телото кај децата е корисна алатка за идентификација и спречување на развојниот процес на мускулно-скелетната состојба. Целта на овој специјалистички труд е да се покаже застапеноста на 'рбетни искривувања и деформитети кои се јавуваат кај децата во раното детство и адолесценскиот период, како и најчестите деформитети кои се имаат јавено во период од 2009 до 2012 година во општина Струмица. Со овој специјалистички труд се потврдува и хипотезата за зголемената појава на чести 'рбетни деформитети кои се јавуваат кај децата уште од раното детство. Мускулно - скелетните состојби како што се болките во грбот и вратот резултираат со појава на толерантни постурални поместувања кај децата и адолесцентите. Сепак овие толерантни поместување треба да бидат детектирани и испитани со цел да се спречи појава на потежок стадиум на 'рбетни искривувања. Во специјалистичкиот труд е прикажан нормалниот анатомски развој на 'рбетниот столб кај децата, видовите на деформитети како и причините за нивната појава и нивна рехабилитација и корекција. Физикалната терапија која се извршува при Физикална медицина и рехабилитација - Струмица, се карактеризира со: изложување на информации и едукација за рехабилитацијата на пациентите, индивидуалниот пристап на пациентите, постојано следење и
6
оценување на добиените резултати, како и постојаниот надзор од целиот рехабилитационен тим. Со увид на аналитичките резултати, овде се прикажани резултатите од ова истражување кои што покажуваат на големата појава на сколиоза, која што најчеста е кај женските деца во адолесцентниот период. Согледувајќи ги резултатите, и честиот проблем од појава на 'рбетни искривувања кај децата - сколиоза, кифоза и лордоза, кои што стануваат се поголем проблем кај младата популација, овде е прикажана нивната корекција и рехабилитација односно примената на кинезитерапија.
Клучни зборови: 'рбет, корекција, рехабилитација, деца, кинезитерапија

Item Type: Thesis (Other)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 24 Mar 2015 09:03
Last Modified: 24 Mar 2015 09:03
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12964

Actions (login required)

View Item View Item