Stefanova, Sanja (2015) Интероперабилни објекти за учење – креирање и примена. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.
Preview |
Text
SANJA MAGISTERSKA ZA PECATENJE.pdf Download (2MB) | Preview |
Abstract
Во последниве неколку години сме сведоци на огромни технолошки случувања, инвестиции и промени на нашите секојдневни навики и дејствувања.
Влијанието на технологиите во голема мера се одрази и во процесот на едукација. Можеби на почетокот електронското учење претставуваше само една експериментална процедура, но денеска таквото учење е усовршен облик на ICT инфраструктурата каде што има постојано развој на ресурсите и технологиите. Од класичните традиционални предавања, печатените книги и скрипти денеска сме дел од еден виртуелен свет на комуникација каде што книгите и презентациите се закачени на веб-сервис, предавањата можат да се следат компјутерски во реално време, а тестирањата се електронски. Во предавањата сѐ почесто се применуваат мултимедијалните ефекти и анимации, квизови, форуми за дискусија, електронски задачи за решавање. Нивната флексибилност и примена предизвика нов технолошки бран на истражување и инвестиции кои претставуваат решение на долгогодишните проблеми во едукативниот процес и зголемување на интероперабилноста.
Во овој магистерски труд се направени анализа и приказ на системите за електронско учење, дигиталните објекти и техниките кои се користат за пакување на дигиталната содржина. Тезата е анализирана од аспекти коишто подоцна ќе можат да се применат во секојдневната работа на наставничкиот кадар на Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип.
Еден од најголемите проблеми што е анализиран во овој магистерски труд е можноста за реупотреба на креираната содржина. Тргнувајќи токму од тој клучен сегмент, направена е анализа и детално разгранување на целата проблематика. Како решение се земени техниките на SCORM и IMSCommon Cartridge, опишана е нивната функционалност, стандардите и структурата на креираниот курс. Во практичниот дел како основа е земена содржината на веќе постоечкиот курс по информатика којшто се наоѓа на Moodle платформата на Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип и истата е спакувана во .zip документ со помош на алатките за пакување на дигитална содржина.
Преку овие примери е прикажано како спакуваната содржина ќе може да се реупотреби, да се менува, приспособува и да се применува на различни платформи за електронско учење.
Клучни зборови: системи за електронско учење, дигитални
објекти, Moodle, Универзитет „Гоце Делчев“, интероперабилност, реупотреба, SCORM, IMS Common Cartridge.
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Natural sciences > Computer and information sciences |
Divisions: | Faculty of Computer Science |
Depositing User: | Vaska Zdravkova |
Date Deposited: | 13 Mar 2015 12:35 |
Last Modified: | 13 Mar 2015 12:36 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12919 |
Actions (login required)
View Item |