Пародонтологијата низ вековите

Petrovski, Mihajlo and Denkova, Natasa (2013) Пародонтологијата низ вековите. In: IV Македонски конгрес за Историја на медицината со меѓународно учество, 18-19 Apr 2013, Skopje, Macedonia. (Unpublished)

[thumbnail of ПАРОДОНТОЛОГИЈАТА  НИЗ ВЕКОВИТE - abstrakt.doc] Text
ПАРОДОНТОЛОГИЈАТА НИЗ ВЕКОВИТE - abstrakt.doc

Download (29kB)
[thumbnail of strucna programa.pdf]
Preview
Text
strucna programa.pdf

Download (443kB) | Preview

Abstract

Пародонтологијата како составен и неодвоен дел од стоматологијата, е една од првите нејзини гранки чии што развиток се случувал паралелно со развојот на целокупната дентална медицина. Таа се занимава и ги проучува воспалителните состојби на гингивата и пародонтот, поточно на потпорниот апарат на забите, заболувања за кои се смета дека го прателе човекот од почетокот на неговото постоење па во текот на целата еволуција.
Предмет на оваа студија е да направиме ретроспектива на историскиот развиток на пародонтологијата.
Бројни студии од праисторијата за стоматолошките ткива и заболувања, се пронајдени во археолошките наоѓалишта и укажуваат на хронични пародонтални болести. Народите од стариот век ги дале првите описи на пародонталните болести, тераписките како и можностите за одржување на оралната хигиена. Во периодот на ренесансата медицината напреднала енормно па со тоа и условите и можностите за локалната етиологија на пародонтопатијата. Присуството на микроорганизмите во устата како и иритативните фактори кои доведуваат до појава на пародонталната болест за прв пат се објавуваат и спојуваат како можни етиолошки постулати во осумнаесеттиот век.
Развојот на пародонтологијата на почетокот на новиот милениум, е насочен кон конвергирње на податоците добиени од минатото, кои денес може да се искористат сé со цел едноставна дијагноза, брз тераписки ефект и соодветна превенција на губитокот на забите.

Item Type: Conference or Workshop Item (Lecture)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Natasa Longurova
Date Deposited: 13 Mar 2015 15:10
Last Modified: 13 Mar 2015 15:10
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12914

Actions (login required)

View Item View Item