Управување со кредитен ризик кај комерцијалното банкарство

Karcova, Maja (2015) Управување со кредитен ризик кај комерцијалното банкарство. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[thumbnail of Маја Карчова - Магистратура.pdf]
Preview
Text
Маја Карчова - Магистратура.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Кредитниот ризик е најдоминантен банкарски ризик и претставува основа на банкарското работење, тој е содржан во сите кредитни производи.
Кредитниот ризик се јавува кога комитентот не е во можност да ги измирува своите обврски спрема банката, во договорениот износ или во договорените рокови.
Успешното управување со кредитниот ризик претставува една од основните активности на финансиските институции, бидејќи на тој начин се следат сите активности што имаат ризичен профил. Процесите на идентификација, мерење, мониторинг и контролирање на ризикот овозможуваат лицето што презема ризик или управува со него јасно да го согледа тој ризик и последиците кои произлегуваат од него. Одлуките коишто се донесуваат за преземање на ризикот треба да се во целосна согласност со деловната стратегија и целите што се определени од менаџментот и да бидат експлицитни и јасно поставени, на тој начин добивката што се очекува да се оствари од преземениот ризик треба да биде адекватна компензација за преземениот ризик, исто така банките треба да поседуваат доволно капитал со кој би се амортизирал преземениот ризик.
Клучни зборови: кредитен ризик, банка, комитент, обврски, побарувања,

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 13 Mar 2015 10:18
Last Modified: 13 Mar 2015 10:18
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12911

Actions (login required)

View Item View Item