Gjorgieva Ackova, Darinka (2011) Генотоксични ефекти на ксенобиотици: компаративно истражување со растителни модели. Masters thesis, Универзитет „Св. Кирил и Методиј”, Фармацевтски факултет, Скопје.
Preview |
Text
Magisterska-abstract.pdf Download (258kB) | Preview |
Preview |
Text
Magisterska-sodrzina.pdf Download (222kB) | Preview |
Abstract
Со брзиот економски развој и индустријализација, широк спектар на генотоксични хемикалии се продуцираат и дистрибуираат во животната средина. Токсичните хемикалии влијаат врз индивидуалното здравје кога интерферираат со нормалните физиолошки процеси во организмите. Тешките метали ја сочинуваат една од најголемите групи на загадувачи на животната средина кои се сериозна закана за општата состојба во биосферата. Иако есенцијалните метали имаат важна биолошка функција како кофактори на многу металопротеини и ензими, кога се акумулираат во клетките имаат цитотоксичен ефект.
Фитотоксичноста на металите е поврзана со индуцирање оксидативен стрес поврзан со оксидација на протеините и мембранските липиди, како и специфичен одговор со DNA оштетување. Поради строго регулираната структура на генетскиот материјал, возможно е да се користат најразлични растителни и животински видови во тестовите за генотоксичност. Претставниците од класата виши растенија обезбедуваат корисен генетски систем за скрининг и мониторирање на најразлични ксенобиотици.
Случајно амплифицираната полиморфна DNA (RAPD) техника е употребена за детектирање на индуцираните DNA оштетувања од метали кај Phaseolus vulgaris L. како експериментален модел систем и четири други видови растенија [Taraxacum officinale (Asteraceae), Matricaria recutita L. (Asteraceae), Urtica dioica (Urticaceae) и Robinia pseudoacacia L. (Fabaceae)] собрани од локалитети со различна експозиција на метали. Евидентиран е полиморфизам во добиените RAPD-профили во вид на исчезнување и/или појавување на фрагменти во DNA отпечатокот на примероците изложени на метали во споредба со контролниот примерок.
DNA полиморфизмот детектиран со RAPD анализата е ефикасен биомаркер за детектирање генотоксичност на ксенобиотици кај растителни модел системи.
Клучни зборови: растенија, тешки метали, RAPD, DNA оштетување, Phaseolus vulgaris
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Darinka Gorgieva Ackova |
Date Deposited: | 13 Mar 2015 14:58 |
Last Modified: | 06 Mar 2018 10:53 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12909 |
Actions (login required)
View Item |