Smilkov, Katarina (2011) Микроинкапсулиран lactobacillus casei како додаток на исхрана – технолошки и функционални својства. Masters thesis, Фармацевтски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје.
Preview |
Text
Апстракт од магистерска теза К.Смилков.pdf Download (232kB) | Preview |
Abstract
Цел на овој истражувачки труд е формулација на микрочестичен систем составен од Ca-алгинат и суруткини протеини, наменет за ефикасно насочување на ослободувањето на пробиотикот Lactobacillus casei 01 во долниот интестинум.
За добивање на микрочестичниот систем, користена е комбинација на емулзиска техника со послeдователно обложување, која опфаќа емулгирање на водена суспензија од натриум алгинат и Lactobacillus casei во маслиново масло кое содржи 0.2 % Tween 80 и оцврснување на емулгираните капки преку вкрстено јонотропно вмрежување со двовалентен калциум во раствор од CaCl2. За дополнителна стабилизација на микрочестичниот систем, користено е дополнително обложување со нативни, хидратизирани суруткини протеини и последователна лиофилизација. Вмрежувањето на полимерите се одвива во услови на концентрациски ограничувања на алгинатот, CaCl2 и суруткините протеини, а оптимизацијата на повеќекратните одговори се врши со примена на потполн факторијален дизајн 23. Дефинирањето на експерименталната матрица, моделирањето на одговорите и оценката на квалитетот и соодветноста на моделот е извршено со примена на софтверската програма MODDE 8.0. Експерименталниот план вклучува 11 серии, при што вршена е проценка на дистрибуцијата на честичките по големина, зета-потенцијалот, виталноста на L. casei во текот на микроинкапсулирањето, содржината на калциум во честичките, како и ослободувањето и виталноста на пробиотикот во симулиран гастроинтестинален тракт.
Со примена на споменатата техника на инкапсулирање, добиени се честички со прифатлива сферична морфологија, со големина од 36,32 – 77,43µm после оцврснување и 8,35 до 9,88μm после процесот на лиофилизација, зета потенцијал од -36,23 до -21,07 mV, содржина на калциум од 2,96 до 4,72%, содржина на вода од 2,8 до 3,5 % и виталност на пробиотикот во честичките после лиофилизација од 9,30 до 10,87 log10cfu/g. Преживувањето и ослободувањето на пробиотикот е следено во симулирани in vivo услови, тек на 24 часа, со користење на методот на последователна измена на медиум, при што добиена е виталност од 3,6 до 8,32 log10cfu/g.
Евалуацијата на добиените резултати од експерименталната матрица, овозможи определување на оптимална формулација, која се состои од 2,5% алгинат, 3% CaCl2 и 3% суруткини протеини. Физичко-хемиските и функционалните карактеристики на оптималната формулација, ја прават погодна за инкорпорирање во финална фармацевтска формулација како додаток на исхрана или во функционален прехранбен производ за одржување на микробиолошкиот баланс на интестиналната микрофлора, со посебен акцент на состојби поврзани со инфламаторни цревни заболувања и состојби. Терапевтскиот потенцијал на оптималната формулација беше потврден во студија на експериментален модел на колит кај стаорци, при што беше забележано статистички значајно (р<0,05) намалување на активноста на миелопероксидазата и намалување на параметрите поврзани на инфламација.
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Natural sciences > Biological sciences Natural sciences > Chemical sciences Medical and Health Sciences > Health biotechnology Medical and Health Sciences > Health sciences Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Katarina Smilkov |
Date Deposited: | 12 Mar 2015 13:50 |
Last Modified: | 12 Mar 2015 13:50 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12908 |
Actions (login required)
View Item |