Smilkov, Katarina (2015) Развој и стандардизација на методи за формулација на терапевтски радиофармацевтици, базирани на моноклонални антитела и пептиди – DOTA-rituximab и супстанца „P“. PhD thesis, Faculty of Natural Sciences and Mathematics.
Preview |
Text
Апстракт од докторат.pdf Download (451kB) | Preview |
Abstract
Целта на овој докторски труд е да придонесе во развојот на нови радиофармацевтски формулации, преку воведување на нов модалитет на обележано химерно антитело – анти-CD20 (ритуксимаб) со Lu-177. Даден е акцент на избор на бифункционален хелирачки агенс за конјугација на антителото и формулација на лиофилизат за непосредно обележување со именуваниот радиоизотоп, што треба да придонесе во изборот на тераписките модалитети за третман на пациенти со лимфоми (специфично, не-Хочкин лимфом). Воведена е постапка на синтеза и формулација на продукт базиран на пептид (модифицирана супстанца „Р“), како и негова карактеризација и радиообележување со Tc-99m и Re-188, како дополнување на генералниот пристап на формулација и обележување на пептидни-протеински супстанции со радиоизотопи со емисија на гама (бета/гама) енергија, наменети за дијагностички и терапевтски цели.
За оваа цел, избран беше најповолен моларен сооднос за конјугација на ритуксимаб со три типа бифункционални хелирачки агенси, p-Bn-SCN-DOTA, p-Bn-SCN-DTPA и 1B4M-DTPA, 1:20, определен беше протокол за лиофилизација кој придонесува за одржување на интегритетот на имуноконјугатите, што беше потврдено со SDS-PAGE електрофореза. Радиообележувањето на лиофилизираните формулации со имуноконјугати беше извршено со 555 GBq/mg од Lu-177, при што сите три радиообележани продукти покажаа висок степен на радиохемиска чистота на профилите на ITLC и SE-HPLC.
Воведена беше постапка на синтеза на цврста фаза на модифицирана супстанца „Р“, [Cys-1,Cys0]-SP, погодна за радиообележување нитридо метал јон [99mTc/188Re≡N]2+. Применетиот пристап на радиообележување овозможи добивање на радиоконјугати со радиохемиска чистота над 95 %. Карактеризацијата на радиоконјугатот in vitro покажа задоволителна стабилност но, комплексите на [Cys-1,Cys0]-SP со Tc-99m покажаа опаѓање на стабилноста во серум, а најголемо опаѓање на стабилноста беше забележано во серум на стаорец, под 80 % за 30 min. Биодистрибуционите студии кај глушец ex vivo, покажаа зголемена активност во тимусот, 0,0132 % IA/g, после 60 min од инјектирањето и 0,00938 % IA/g после 180 min од инјектирањето. Исто така, позначајно зголемување на активноста беше забележано во регионот на плунковните жлезди, црниот дроб и интестиналната регија, додека после 60 min од апликацијата, се забележува доминантната елиминација преку бубрезите.
Применетите пристапи на радиообележување на моноклонални антитела и пептиди, поставија основа за понатамошни претклинички/клинички истражувања дијагностика/терапија на лимфоми, односно дијагностика/терапија на глиобластоми.
Item Type: | Thesis (PhD) |
---|---|
Subjects: | Natural sciences > Biological sciences Medical and Health Sciences > Health biotechnology Medical and Health Sciences > Health sciences Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Katarina Smilkov |
Date Deposited: | 12 Mar 2015 13:54 |
Last Modified: | 12 Mar 2015 13:54 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12907 |
Actions (login required)
View Item |