Рехабилитација на фрактури на колкот кај пациенти хоспитализирани во геријатриска болница

Bozinoski, Dzoko (2015) Рехабилитација на фрактури на колкот кај пациенти хоспитализирани во геријатриска болница. Other thesis, Goce Delcev University, Stip.

[thumbnail of Џоко Божиноски- Специјалистички труд (1).pdf]
Preview
Text
Џоко Божиноски- Специјалистички труд (1).pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Фрактурите на коските во областа на колкот, се карактеристични за
постарите луѓе. Кај овие фрактури е прифатена концепцијата за активен приод
и скоро во сите случаи се прави анатомско обновување по оперативен пат,
најчесто преку метална остеосинтеза. Друга опција е директно пристапување
кон тотално ендопротезирање. Тенденцијата е болниот да се мобилизира колку
што е можно побргу, за да се избегнат сериозните компликации поради
продолжително лежење.
Во минатото, компликациите на белите дробови и срцето биле причина
за смрт кај 70 – 80% од болните. Ако поради контраиндикации не може да се
направи операција, подобро е да се направи псеудо артроза и болниот да се
мобилизира, отколку да се имобилизира и да лежи во кревет неколку месеци со
сите попатни ризици.
Целта на рехабилитацијата при фрактури на колкот во геријатрија е
оспособување на старите лица да можат да се грижат сами за себе, за својата
лична хигиена, самостојно да се движат, да можат самостојно да користат
бања и тоалет, да можат самите да се хранат. Тоа е минимум кон кое треба да
се тежнее при нивното рехабилитирање.

Item Type: Thesis (Other)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 12 Mar 2015 11:27
Last Modified: 12 Mar 2015 11:27
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12903

Actions (login required)

View Item View Item