Taskov, Nako and Metodijeski, Dejan (2014) Термален туризам. Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, Штип. ISBN 978-608-244-142-9
Preview |
Text
Ucebnik Termalen turizam 2014.pdf Download (4MB) | Preview |
Abstract
Овој учебник е од областа на туризмот и се состои од 8 поглавја, што е во согласност со Наставниот план и програмата на Факултетот за туризам и бизнис логистика. Предметот Термален туризам, за којшто е наменет учебникот, е изборен предмет, носи 4 кредити и се слуша во прва година, прв семестар, на насоките Туризам и Гастрономија, исхрана и диететика, со неделен фонд на часови 2+2+1. Учебникот ќе претставува основна литература во изучување на предметната програма од горенаведената наставна дисциплина. Материјалот во учебникот е изложен концизно, прегледно со слики и табели со што ќе биде лесно разбирлив и совладлив од страна на студентите за кои е наменет. Учебникот, исто така, можат да го користат сите студенти на останатите факултети на кои се изучува проблематиката поврзана со термалниот туризам, но и останатите стручни кадри од оваа област. Учебникот е изготвен со цел да се унапреди наставата по предметот Термален туризам и да се подобри квалитетот на знаењето на студентите.
Учебникот „Термален туризам“ опфаќа Вовед и 8 поглавја во кои се опфатени основните сознанија за термалниот туризам и туристичките вредности на бањите во Република Македонија: Вовед, Теоретско-методолошкиот пристап во истражувањето, Диференцијација на бањските туристички локалитети, Менаџментот во бањските центри, Специфичноста на исхраната во бањите, Заштита на просторот во бањите, Местото на бањскиот туризам во Република Македонија, Перспективите за развојот на овој вид туризам и Преглед на ставовите на посетителите во бањските центри во Република Македонија.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Tourism and Business Logistics |
Depositing User: | Dejan Metodijeski |
Date Deposited: | 12 Mar 2015 08:44 |
Last Modified: | 12 Mar 2015 08:44 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12897 |
Actions (login required)
View Item |