Бескрајната имагинација на малиот човек

Mladenoski, Ranko (2004) Бескрајната имагинација на малиот човек. Културен живот, 49 (3). pp. 56-63. ISSN 0047-3731

[thumbnail of Ranko Mladenoski za Umnite izmisluvaci od Violeta Martinovska.pdf]
Preview
Text
Ranko Mladenoski za Umnite izmisluvaci od Violeta Martinovska.pdf

Download (25MB) | Preview

Abstract

Трудот претставува интерпретација за наративната структура на романот за деца и млади со наслов „Умните измислувачи“ од авторката Виолета Мартиновска што беше објавен во 2002 година од страна на издавачката куќа „Детска радост“ од Скопје. На почетокот од овој труд се нуди констатацијата дека „Умните измислувачи“ е роман којшто е замислен и реализиран како приказна за детскиот свет на познатото скопско Маџар Маало. Потоа се преминува на анализа на раскажувачката структура на романот при што се приложува податокот дека тој е составен од 21 посебна приказна и дека тие приказни се поврзани меѓу себе со три основни наративни сегменти: четворицата јунаци, константниот проксемички код (амбиентот) и идентичната наративна постапка во сите тие приказни. Во трудот, исто така, се анализира и наративниот модел на раскажување со комбинација на формите „јас - ние“, како и колективниот лик изграден од четворицата главни ликови во романот. Покрај тоа, се интерпретираат и голем број други структурни елементи на романот како што се деноминацијата, реноминацијата, појавата на дискурс во дискурс, дидактичките елементи на романот како и нефункционалните наративни дублети. Во заклучокот од овој труд се истакнува дека најзначајните вредности на романот „Умните измислувачи“ од Виолета Мартиновска се забавата и едукацијата со што дискурсот ја покажува сета своја практична функционалност.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ranko Mladenoski
Date Deposited: 10 Mar 2015 10:51
Last Modified: 10 Mar 2015 10:51
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12893

Actions (login required)

View Item View Item