Mladenoski, Ranko (2004) Литературно-фолклорни и јазични студии. In: Книжевната критика за делото на Радован П. Цветковски. Дирекција за култура и уметност, Скопје, pp. 222-224. ISBN 9989-872-27-9
Preview |
Text
Ranko Mladenoski za Otade i odavde vremeto od RP Cvetkovski.pdf Download (29MB) | Preview |
Abstract
Трудот претставува рецензија (осврт) за книгата со наслов „Отаде и одавде времето“ од авторот Радован П. Цветковски што ја објави издавачката куќа „Академски печат“ од Скопје во 2003 година. На почетокот од овој труд се нагласува дека материјата во книгата „Отаде и одавде времето“ е систематизирана во три дела. Првиот дел содржи истражувања од литературната историја и тоа конкретно од постилинденскиот период, времето меѓу двете светски војни, но и по Втората светска војна. Во вториот дел од книгата авторот се задржува на голем број фолклорни прашања од областа на обичаите, на народната поезија како и на фолклорните рефлексии во современата литература. Во третиот дел се сместени две фолклорно-јазични студии - првата носи наслов „Од фолклорните и јазичните записи во демирхисарското село Сопотница“, додека втората студија се однесува на јазичните особености на демирхисарскиот говор. Во заклучокот од трудот се потенцира дека „Отаде и одавде времето“ од Радован П. Цветковски е книга за македонската литература, за македонскиот фолклор и за богатиот македонски дијалектолошки систем, како и тоа дека полемичкиот тон со корективен акцент во одредени студии и дава особена тежина, но и свежина на книгата.
Item Type: | Book Section |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Ranko Mladenoski |
Date Deposited: | 10 Mar 2015 10:53 |
Last Modified: | 10 Mar 2015 10:53 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12891 |
Actions (login required)
View Item |