Nikodinovska Krstevska, Ana (2015) Односот меѓу вредностите и политиките на Европската унија низ призмата на нејзината надворешна политика. PhD thesis, Филозофски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје.
Preview |
Text
avtorezime na doktorat Ana Nikodinovska Krstevska.pdf Download (525kB) | Preview |
Abstract
Изменетото меѓународно опкружување и процесите на внатрешна трансформација на Европската унија кои настанаа во изминативе две децении, доведоа до редефинирање на нејзината улога на мека сила во светската политика, во насока на прифаќање на однесување кои е повообичаено за класичните актери на меѓународната политика, што пак резултираше во зголемување на јазот меѓу декларираните вредности и принципи на Европската унија и нивното спроведување во нејзината над¬ворешната политика. Тргнувајќи од оваа претпоставка, целта на оваа докторска дисертација е да ја испита токму надворешната политика на Европската унија видена низ призмата на конкретната корелација меѓу прокламираните европски вредности и принципи и нивната практична примена во дејствувањето на органите на Унијата и на државите членки, и да го истражи профилот на Унијата како актер со „нормативна моќ“ во меѓународните односи и влијанието што таа го врши врз трети држави и во меѓународната заедница во целина.
Според тоа, првиот дел од ова истражување ја содржи теориската и концептуалната рамка која, гледано од аспект на местото на Европската унија во научната мисла, ги обработува научните дисциплини на меѓународните односи и на теориите за европска интеграција и која, гледано од аспект на нејзината улога како актер во меѓународните односи, ги опфаќа различните концепции за европската надворешна политика кои се движат од концептот на „цивилна моќ на Европа“, концептот на меѓународно присуство, на меѓународниот идентитет на Европската унија, па сè до концептот на „нормативна моќ на Европската унија“ низ кој се обликува главната истражувачка рамка за анализите што следат. Преку тој концепт, всушност, ние ги објаснуваме елементите на нормативниот идентитет на Европската унија, на нејзините нормативни цели и инструменти, но истовремено и ги наведуваме неговите критики и лимити. Гледано низ призмата на системот на надворешна политика на Европската унија, ние го прикажуваме еволутивниот пат на надворeшната политика на Унијата, нејзината структурна поставеност и особено се задржуваме на кохерентноста на нејзината надворешна политика, согледана од секојдневната пракса на Европската унија. Прашањето за кохерентноста на надворешната политика на Унијата, кое нѝ ја дава врската со концептот на „нормативна моќ на Европската унија“ и со нејзиниот меѓународен идентитет, всушност претставува главната основа за истражувањето на конкретните примери кои се издвоени за да се проверат поставените хипотези.
Освен ова, во посебнa главa ги обработуваме вредностите на Европската унија, составени од мирот, слободата, демократијата, вледеењето на правото и почитувањето на човековите права, прикажани и дефинирани низ призмата на основачките договори и основните документи на Унијата, како и низ нивната практична примена во надворешната политика на Европската унија кон трети земји.
По ова, следат истражувањата спроведени за конкрентни примери кои ги вклучуваат земјите од Источното соседство, а се однесуваат на украинската криза, на конфликтот во Нагорно – Карабах, на конфликтот во Абхазија и Јужна Осетија, и на конфликтот во Транснистрија. Во овие примери ги применуваме нашите предзнаења и правиме анализа на состојбите со цел да ги разоткриеме реалностите во врска со водењето на надворешната политика на Европската унија. Завршувајќи го истражувањето, со кое ги потврдивме почетните хипотези на оваа докторска дисертација, наведуваме и наши заклучни согледувања, ги претскажуваме нашите научни предвидувања за начинот на водење на надворешната политика на Европската унија во 21 век и даваме поука за начинот на кој Република Македонија треба да настапува во однос на процесот на интеграција во Европската унија.
Item Type: | Thesis (PhD) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law Social Sciences > Political Science Social Sciences > Sociology |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Ana Nikodinovska Krstevska |
Date Deposited: | 12 Mar 2015 08:38 |
Last Modified: | 12 Mar 2015 13:17 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12884 |
Actions (login required)
View Item |