Sterieva, Emica (2014) Примената на маркетинг менаџмент во банкарскиот сектор- посебен осврт на Комерцијална банка. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.
Preview |
Text
Magisterska rabota.pdf Download (2MB) | Preview |
Abstract
Современото работење на банките денес се карактеризира со сè поголема потреба и примена на иновативноста и креативноста застапена на пазарот. Банките поттикнуваат развивање и на нови методи на работење користејќи, меѓу останатото, современи маркетинг стратегии и иновативна технологија.
Отворениот пазар денес во рамките на глобализацијата има потреба од брзина и голема можност на прилагодување на новонастанатите промени. Пазарната предност се остварува низ повеќе компоненти, меѓу кои најважни се: квалитетот, услугата и дизајнот. Учесниците на пазарот мораат да бидат иновативни, креативни и смели со цел да се упатат во конкурентскиот пазар. Исто така, мораат да знаат да ги препознаат и да им дојдат во пресрет на денешните потреби на своите клиенти и корисници, со тоа што ќе можат да ги предвидат и нивните идни желби и со тоа што ќе можат да го препознаат и применат начинот на прилагодување на своите корисници и нивното приклучување во самиот процес на работење.
Според тоа, за да можат на самиот пазар да се остварат поволни резултати и да се обезбеди уникатност на истиот, неопходно е да се постигне еден вид на различност од останатите банки, односно единственост. Пристапот кон своите клиенти, од страна на секоја банка, мора да биде долгорочно однапред планиран со цел задоволување на сите избирливи потреби. Сатисфакцијата на потребата на своите клиенти претставува и најважна задача на работењето на една банка, со оглед на фактот дека клиентите претставуваат клучен фактор, највреден имот на самата банка.
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 09 Mar 2015 11:32 |
Last Modified: | 09 Mar 2015 11:32 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12878 |
Actions (login required)
View Item |