Наративните сегменти во романот „Пророкот од Дискантрија“ од Драги Михајловски (втор дел)

Mladenoski, Ranko (2004) Наративните сегменти во романот „Пророкот од Дискантрија“ од Драги Михајловски (втор дел). Современост, 52 (5). pp. 79-88. ISSN 0038-5972

[thumbnail of Ranko Mladenoski za Prorokot od Diskantrija od Mihajlovski.pdf]
Preview
Text
Ranko Mladenoski za Prorokot od Diskantrija od Mihajlovski.pdf

Download (15MB) | Preview

Abstract

Овој труд претставува втор дел од интерпретацијата на романот „Пророкот од Дискантрија“ од Драги Михајловски. Првиот дел од оваа интерпретација е објавен, исто така, во списанието „Современост“, односно во бројот 4 од 2004 година. Во вториот дел се анализираат неколку наративни сегменти од романот како што се постапката на демистификација на евангелските чуда, настаните поврзани со проблемот на јужниот сосед со името на нашата држава, реноминацијата од Македонија во Дискантрија, полисемијата на морфемата, но и лексичката единица „дис“, симболиката на „ѕидот“ во овој роман, алузиите со црвениот и синиот воз, тенденцијата за иселувањето од Македонија, како и идејата за помирување на двете страни (Македонија и јужниот сосед) со цел да се надминат недоразбирањата во врска со името на нашата држава. Сите овие елементи на романот се анализираат детално во трудот при што се наведува и нивната суштинска наративна функција. Во заклучокот од трудот со наслов „Иднина“ се потенцира дека основната идеја на авторот Михајловски во овој роман е сугестијата да се отфрли омразата и да се прости со што ќе се отвори простор за решавање на долговековниот проблем со јужниот сосед во врска со името Македонија.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ranko Mladenoski
Date Deposited: 06 Mar 2015 12:53
Last Modified: 06 Mar 2015 12:53
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12855

Actions (login required)

View Item View Item