Mladenoski, Ranko (2004) Сложена и динамична композициска структура. In: Методи Манев, Корени на животот, корени на смртта. Друштво за наука, уметност и културна иницијатива, Свети Николе, pp. 260-277. ISBN 9989-923-07-8
Preview |
Text
Ranko Mladenoski pogovor vo Koreni na zivotot koreni na smrtta.pdf Download (16MB) | Preview |
Abstract
Овој труд претставува поговор во романот со наслов „Корени на животот, корени на смртта“ од авторот Методи Манев во изданието од 2004 година. Како издавач на овој роман се јавува Друштвото за наука, уметност и културна иницијатива од Свети Николе. Трудот, всушност, е интерпретација (анализа) на структурните елементи на овој роман што, како што се нагласува на почетокот, е составен од седум посебни наративни програми. Имено, првата наративна програма е воведната глава во која се предочува ракописот, односно изворот на базната наративна структура на романот. Втората наративна програма го опфаќа патот на главниот лик од болницата до Амзабегово. Третата наративна програма ги бележи случувањата по пристигнувањето на јунакот во Амзабегово. Четвртата наративна програма ја сочинуваат раскажувачките единици кои се изградени со помош на голем број биографски елементи на авторот на овој роман. Петтата наративна програма е замислена како хроника на историски настани, но и на настани кои се значајни за личниот живот на авторот Методи Манев, а кои се случуваат паралелно со дејството во романот. Неколку издвоени приказни со наслов „Интермецо“ се структурните елементи на шестата наративна програма и, конечно, двете песни сместени во рамките на романот ја сочинуваат седмата наративна програма. Во трудот се елаборираат сите овие наративни програми, како и ликовите што имаат суштинско значење за нарацијата во ова романескно дело. Во заклучокот од трудот се нагласува дека овој роман на Методи Манев е изграден со сложена и динамична композициска структура, како и дека станува збор за мошне солиден роман.
Item Type: | Book Section |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Ranko Mladenoski |
Date Deposited: | 06 Mar 2015 12:44 |
Last Modified: | 06 Mar 2015 12:44 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12850 |
Actions (login required)
View Item |