Општинските обврзници како алтернативен извор за финансирање и ефикасно менаџирање со прибраните средства за локален економски развој со посебен осврт на општина Штип

Fotov, Risto and Miceski, Trajko and Gogova Samonikov, Marija and Gruevski, Ilija and Veselinova, Elena and Binovski, Risto (2015) Општинските обврзници како алтернативен извор за финансирање и ефикасно менаџирање со прибраните средства за локален економски развој со посебен осврт на општина Штип. [Project] (Submitted)

[thumbnail of Проект.pdf]
Preview
Text
Проект.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Предмет на истражување во овој проект се општинските обврзници како алтернативен начин за финансирање на проектите на општините за поддршка на локалниот економски развој. Во проектот ќе се опфати и ефикасното менаџирање со прибраните средства за оптимизирање на очекуваните резултати. Посебен осврт ќе се даде на состојбите и можностите за искористување на општинските обврзници во општина Штип.
Целта на проектот е да се покаже како да се обезбедат дополнителни финансиски средства за финансирање на проектите во општина Штип со кои ќе се обезбедат и повеќекратни бенефиции за неколку клучни групи стеикхолдери во ова окружување.
При истражувањето во проектот ќе се применат повеќе квалитативни и квантитативни методи. Со помош на анализа, синтеза и компарација ќе се изврши систематизирање на досегашните објавени податоци од оваа проблематика во земјата и во странство и истите ќе се применат и при средување и толкување на сознанијата и резултатите од проектот. Покрај анализата на веќе објавени податоци, со помош на структурирано интервју на таргетирани испитаници, ќе се стекнат дополнителни сознанија кои ќе овозможат прагматичност на решенијата од проектот.
Придобивките на овој проект ќе овозможат интензивирање на локалниот економски развој, а целокупниот процес на финансирање со вакви инструменти и менаџирање на средствата за поддршка на рентабилни проекти, односно проекти од јавен карактер може да послужат како бенчмарк и за други општини во Р. Македонија и земјите во регионот. На овој начин, ефектите од алтернативното искористување на изворите на финансирање и нивната соодветна примена би се прошириле на ниво на национална, односно регионална економија.

Item Type: Project
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Elena Veselinova
Date Deposited: 06 Mar 2015 10:05
Last Modified: 06 Mar 2015 10:05
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12829

Actions (login required)

View Item View Item