Mladenoski, Ranko (2015) Монодрамски транскрипт за хероите на „Ножот“. XXI век: Балканскиот писател. pp. 52-61. ISSN 978-608-4501-40-4
Preview |
Text
Ranko Mladenoski za monodramata Na Nozot od Koviloski.pdf Download (9MB) | Preview |
Abstract
Овој труд претставува интерпретација на монодрамското остварување на македонскиот реномиран автор Славчо Ковилоски со наслов На „Ножот“ (Современост, Скопје, 2011). Во трудот прво се елаборира историскиот опис на битката на месноста „Ножот“, во близина на прилепското село Ракле, што се случила на 16 јули 1907 година. Потоа се преминува кон анализа на монодрамата при што се бележат најосновните специфики на ова книжевно дело на Ковилоски. Исто така, во трудот се врши и една компаративна анализа на историската нарација, од една, и книжевно-уметничката нарација, од друга страна, при што се илустрираат разликите меѓу конкретни историски описи на битката на „Ножот“ и монодрамскиот текст На „Ножот“. Во заклучокот од трудот се потенцира дека станува збор за монодрама на Ковилоски во која се актуелизира епопејата на „Ножот“ како пример за храброст и саможртва на една група Македонци за слободата на татковината и на својот народ, како и тоа дека со ова дело Ковилоски го збогатува трезорот на современата македонска драмска литература со значајно и вредно монодрамско остварување.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Ranko Mladenoski |
Date Deposited: | 25 Feb 2015 13:01 |
Last Modified: | 25 Feb 2015 13:01 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12819 |
Actions (login required)
View Item |