Специфичности на тероризмот во периодот на подготовка за негово извршување

Dojcinovski, Metodija and Odzakov, Ferdinand (2014) Специфичности на тероризмот во периодот на подготовка за негово извршување. Современа македонска одбрана, 14 (27). pp. 105-115. ISSN 1409-8199 / 1857-887X (online)

[thumbnail of SMO_27_mak.pdf]
Preview
Text
SMO_27_mak.pdf - Published Version

Download (3MB) | Preview

Abstract

Појавата и заканите од тероризмот во континуитет создаваат интерес
за теоријата и практиката околу целосното идентификување на опасностите пред
извршувањето на насилството. Потпирањето на сопствените сили и средства,
терористичките организации го прилагодија на поставените цели, политичките
прашања и безбедносните дилеми. Различните гледишта кон проблемот на
проширувањето на кризите, ги напуштија тврдите ставови за спротивставувањето
на тероризмот и придонесоа за селективна поддршка во превентивното дејствување
на меѓународните организации и колективните безбедносни системи. Тероризмот
се дефинира како акт на насилство, но интензитетот на активностите е различен
во различни фази на дејствување. Комплексноста на проблемот со превенцијата
апелира на познавање на индикаторите и специфичностите во процесот на планирање
и подготовка на тероризмот. Безбедносните предизвици по зголемувањето на
терористичките активности ширум светот, ги елиминираа алтернативите во однос
на спротивставувањето на истиот. Човештвото започна со прилагодување кон
новиот начин на живеење, со што секојдневните убиства, грабнувања, малтретирања,
повредувања и други форми на насилство, станаа секодневна грижа на меѓународната
заедница.Трудот дава придонес преку укажувањата за можните ризици и опасности на
терористичките организации и поединци, како и нивните активности кон нарушување
на безбедносната состојба во перидот на планирање и подготовка за терористички
активности, укажувајќи на различни безбедносни аспекти за следење, согледување и
превентивно дејствување.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Other social sciences
Social Sciences > Political Science
Divisions: Military Academy
Depositing User: Metodija Dojcinovski
Date Deposited: 23 Feb 2015 12:33
Last Modified: 23 Feb 2015 12:33
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12775

Actions (login required)

View Item View Item